28 Март, 2024
0.1010

ФОКУС НА ДЕНОТ: Koкаин е најден во магацин со банани, а грипот ја однесе и третата жртва

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

МВР објави фотографии од запленетиот килограм кокаин во скопското село Крушопек по истрага во во координација со Јавно обвинителство и со царинските служби. Кокаинот беше пронајден меѓу пратките со банани во магацинот на „Банекс Компани“ ДООЕЛ.

При извршениот детален претрес на магацинот и камионот со кој се превезувале банани во еден од пакетите било пронајдено едно правоаголно пакување со непозната бела прашкаста материја – кокаин кое било облепено со зелена трака. Истото е одземено и предадено на понатамошно вештачење

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, денеска на прес-конференција рече дека не знае колкаво е другото количество кое било наменето за Македонија како крајна дестинација, откако во скопското село Крушипек во полициска акција беше фатен еден килограм кокаин, а истовремено проструи информација дека вкупната маса е 1,3 тони. Тој не може да потврди ниту во која земја е запленета наводната огромна количина.

Трета жртва од сезонскиот грип - почина педесетгодишен човек за кој од Институтот за јавно здравје соопштија дека имал хронични болести. Починал на институтот за пулмологија, каде и се лечел. Претхдно од грип почина малолетно девојче и 85-годишник.

Д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје рече дека впрочем трите жртви имале хронични заболувања, не биле вакцинирани против грип, биле третирани со антивирусна терапија и биле позивини на инфлуенца АH1 поттипот. 

Таа соопшти дека има зголемена активност на грипот во државава и регистрирани се 5.660 заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска пред медиумите рече дека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев треба сам да си го реши проблемот со пасошите, кои во моментов се издаваат само на итни случаи поради немање на доволен број на обрасци.

Постапката за јавна набавка, односно нарачката на личните документи со новото уставно име е во тек. МВР и германскиот оператор Веридос работат на дефинирање на конечниот изглед, но во меѓувреме нема обрасци за тековните барања. Во моментов се дефинира конечниот изглед на исправите и допрва треба да се уреди во подзаконски акт, а дури на крај ќе се потврди нарачката и обрасците ќе бидат испорачани. Тоа ќе значи долго чекање за оние кои имаат документи со истечен рок и треба да извадат нови.

Келнери, готвачи, чистачки ќе бидат потребни оваа сезона во Охрид и Струга, потврдуваат од ХОТАМ.

Велат дека околу 1.000 работници ќе бидат потребни на охридско – струшката ривиера претстојната летна сезона.

Феро Инвест го збогати своето портфолио со нова мала хидроелектрична централа која произведува струја од обновливи извори на енергија по повластена тарифа со минатонеделна одлука на Владата за давање на согласност за пренос на уделот од концесијата на Хидро Еко Инженеринг, друштво кое веќе ја има потребната лиценца од 2011, а од 2013 ja има и дозволaта за повластено субвенционирање

Зголемени приходи од надоместоци и провизии, одржување на приходите од нето камати на пристојно ниво без драматичен пад и драстично намалена загуба по основ оштетување нефинансиски средства се клучните фактори кои ги израдуваа акционерите на најмалата банка чија акција котира на Официјалниот пазар на берзата. Добри вести и за акционерите на „Тетекс“ – нивната банка лани оствари добивка од 1,76 милиони евра што е за 115.000 евра повеќе од 2018 година

Помалку пари од пензискиот придонес кој го плаќаат граѓаните за приватните фондови, повеќе да остануваат за државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). ВМРО-ДПМНЕ планира, ако победи на следните парламентарни избори, комплетно да го промени начинот на кој се делат парите меѓу државниот и приватните пензиски фондови, а тоа ќе се прави со намалување на делот од придонесите кои се издвојуваат кон друштвата од вториот задолжителен пензиски столб

Македонија го ратификуваше протоколот за влезот во НАТО. Останува уште Шпанија да го ратификува договорот за и официјално нашта земја да стане 30-та членка на Алијансата. Очекувањата од членството се повеќекратни, стабилност, безбедност, нови инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење