23 Април, 2024
0.0283

ФОКУС НА ДЕНОТ: Кривична за Трипуновски, притвор за Јакимовски, истрага за Македонец за увоз на отпад во Бугарија

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски вчера беше во ненајавена посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово. Тој со себе носеше и човек за да го снима целиот процес.

За оваа своја постапка ќе „заработи“ кривична пријава. 

Раководителот на подрачната единица во Берово подготвува кривична пријава против неговиот актгуелен шеф, јави телевизијата 24.

Од Министерството за земјоделство  велат дека се нарушени правата на приватност и лични податоци. Трипуновски неовластено ги пуштил јавно.

Емил Јакимовски, човекот кој се закануваше на две новинарки и доби отказ од Централен регистар, замина во притвор во траење од осум дена.

Вака одлучи судот, откако тој доби пријава за семејно насилство, а беше пријавен и за закани кон новинарки.

Полицијата го уапси Емил Јакимовски на 17 јануари, откако имало пријави за семејно насилство

Фирма на Македонец во Бугарија внесувала сомнителен отпад од Италија. 

Се работи за фирмата „Блацион” од Софија,  чиј управител е македонски граѓанин, а таа увезла отпад од Италија кој пристигнал во бугарското пристаниште Варна, објави бугарската БТВ Новините.

Товарот, 25 контејнери со бали со отпад, со брод од италијанското пристаниште Салерно пристигнал во пристаништето Варна-Запад на 9 октомври

Непознато лице од лажен профил на социјалните мрежи се претставува дека профилот е на актерот и шоумен Игор Џамбазов, и се обидува да изнуди пари и донации

Фискалните сметки се оценети како штетни по здравјето на луѓето. 

На удар се луѓето кои постојано се во контакт и работат со нив. 

Се работи за супстанцијата бисфенол А, која се наоѓа во хартијата на која се печатат фискалните сметки

Од владината прес служба велат дека во Давос ќе замине министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој ќе учествува на панел за Западен Балкан, а ќе има најверојатно и билатерални средби

Во дел од медиумите се појави информација дека познатиот пијанист Симон Трпчевски во Штип го прекинал концертот затоа што во салата било ладно. 

Но, Трпчевски не го прекинал настапот во Штип, туку свирел во студена сала

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП