29 Март, 2024
0.0283

ФОКУС НА ДЕНОТ: Лавина реакции за домашниот притвор на Јанева, малиот Јане одржа говор во ОН

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Oткако поранешната обвинителка од СЈО, Катица Јанева од Шутка беше однесена во домашен притвор во станот на нејзинот син, на Фејсбук со коментар се јави претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Тој  прашува дали предметот ќе заврши со неколкумината обвинети и што се случи со парите од куферот. Од партијата велат дека власта стравува од она што би го кажала Јанева, па затоа, веруваат дека одлуката на судот е испланирано сценарио.

„Ослободувањето од притвор на Катица Јанева е воедно и  срамно и смешно. Нема јакна што ќе може да го покрие срамот на ова Кацарска судство и Русковска обвинителство. Свесно оставија простор да може Катица Јанева најпрвин да брише и форматира компјутери, потоа да губи мобилни телефони додека е на плажа и на крај да ги избрише сите докази кои што се неопходни за постапката“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Се јави и  Алијанса за Албанците со реакција и критики до власта. Од партијата на Зијадин Села велат дека власта има влијание во судството кое резултира со избегнување на кривична одговорност, а со тоа уште повеќе се намалува довербата во системот на државата.

Куќниот притвор за екс специјалната обвинителка Катица Јанева веќе предизвика реакции на социјалните мрежи, кај потитичарите и пратениците.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пишува: 
„За време на преговорите за Законот за обвинителство, премиерот во заминување Заев, се пофали дека тој е во координација со адвокатката Фрчкоска, бранител на обвинетата за "Рекет" Катица Јанева и дека според него контроверзната одлука потпишана од притвор за примопредавање на предметите од СЈО, од Јанева на Јовески, е потег што ќе создаде услови за пуштање на Катица во домашен притвор. Сите беа изненадени од исказот. Како правник и пратеник решив да ја известам јавноста за ваквото скандалозно мешање на премиерот во судството, а после мојата изјава следуваше канонада од напади лично од премиерот во заминување Заев, како и од неговата владина служба за пропаганда, дека ширам лажни вести. Но, вчерашната нарачана судска одлука за пуштање на Катица Јанева дома беше конкретен демант на манипулациите на Заев“, вели Милошоски.

Но, според него, многу подраматично за Македонија е што преку оваа одлука и случајот "Рекет" се откриваат три битни недостатоци во правосудниот систем.

СМС-пораката на oбвинителката Вилма Русковска е израз на моментално разочарување, велат од Јавното обвинителство. 

Обвинителството  излезе со официјален став откако Апелацискиот суд ја објави содржината на СМС-пораката, што обвинителката Русковска му ја испратила на еден од тројцата судии кои наводно ја донеле одлуката за куќен притвор на екс специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение, очекува судска разрешница“, се нагласува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јане Велковски, застапник за деца со попреченост од Македонија, му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обеднитети нации во Њујорк каде деца и млади ќе побараат да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата.

Во рамките на Самитот, Јане се сретна со поранешната светска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам.

Мајката на Јане, Деница Велковска ја објави фотографијата на својот Фејсбук профил.

Ќе се наметнуваат ли нови безбедносни барања и услови за земјава, како наближува влезот во НАТО, кој треба да се случи во првиот квартал наредната година?

Сашо Димитријоски ја „преживеа“ смената како директор на АЕК откако точката за негово разрешување доцна синоќа беше симната од дневниот ред на седницата на Комисијата.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации беше избран за прв човек на ова регулаторно тело на пазарот на електронски комуникации на почетокот на 2016, а редовно мандатот му истекува во 2021.

Трите рударски компании во Источна Македонија лани направиле приходи од речиси 200 милиони евра и профит од 63,4 милиони евра!!!

Кој најмногу се омрсил и по кој основ од државни пари, веќе нема да биде тајна. На интернет страницата Отворени финансии од денеска секој може да провери колку, на кого и кога државата префрлила пари

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“