23 Април, 2024
0.0348

ФОКУС НА ДЕНОТ: Лидерите согласни дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ, избори на 12 април

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Предвремени парламентарни избори ќе се одржат на 12 април 2020 година.

СДСМ побара предвремени парламентарни избори да се одржат на 22 или 29 декември. Но, претставниците на  ВМРО-ДПМНЕ побарале друг термин, во март или април. Сепак, постигната е согласност за 12 април. Идната година треба да се реализира и пописот, но по завршување на предвремените парламентарни избори.

„Тој датум ќе биде Велигден и од тој датум почнуваат и постите за муслиманите, па одлучивме тоа да биде и датумот на избори“, рече премиерот Зоран Заев. 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски претходно рече дека најдобро би било тоа да се случи по пристапувањето во НАТО, бидејќи е потребен функционален Парламент кој ќе треба да го ратификува пристапувањето откако тоа ќе го направат сите 29 земји членки на НАТО.

Во дел од медиумите се појавија информации дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе биде технички премиер. 

Сепак, за ова прашање уште нема договор. 

Сепак, премиерот Зоран Заев рече дека тоа дополнително ќе се договара во СДСМ.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски завршува арамилукот, срамот, неправдите и назадувањето донесено од Зоран Заев и оваа влада. Тој ова го напиша на Фејсбук.

Заеднички интерес е најпрво да се ратификува протоколот за наше членство во НАТО од сите земји членки и од нашето Собраните и да се усвои законот за одбрана, изјави по лидерската средба Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по вечерашната лидерска средба рече дека 12 април е датум за промени и за враќање на демократијата.

Неопходно беше да се оди на предвремени избори откако се случи француското вето во Брисел, изјави Биљал Касами, лидерот на движењето Беса по денешната лидерска средба.

Заклучоци на Европскиот совет и можноста за предвремени избори се двете теми за кои се разговарало на лидерската средба кај шефот на државата, Стево Пендаровски. 

Вели дека Македонија по трет пат е во ваква ситуација. Лидерите кажале „не“ за какви било други алтерантиви. 

„Стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне и што е можно поскоро да ги заврши тие преговори со Европската Унија, за да стане членка“, рече Пендаровски. 

Лидерите рекле дека немаат проблем со новата методолигија, односно онаа која ќе подразбира реверзибилен процес

Можеби ќе ве интересира

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии