25 Април, 2024
0.1629

ФОКУС НА ДЕНОТ: Македонија ги слави Свети Кирил и Методиј, Џафери во Рим, Заев во посета на Црна Гора

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Собранискиот спикер, Талат Џафери денеска на папата Франциск му подари скулптура на св. Кирил и Методиј, дело на македонски скулптор Томе Серафимовски.

Џафери изјави дека скулптурата е изработена во Охрид, инспирирана од централниот споменик во срцето на самиот град – споменикот на светите браќа апостоли и просветители, основачи на првата словенска азбука – глаголицата, и основоположниците на словенската книжевност и писменост.

„Како Албанец, како муслиман, меѓутоа пред вас во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија, денес сум тука пред вас како претставник на мојата земја, мала по територија, мала по број на жители, меѓутоа богата по својот шаренолик мозаик на различни народи, религии и култури кои значат богатство и дополнителна вредност за целиот регион и светот. Моја највисока почит кон вас, кон Светата столица, и кон делото на светите Кирил и Методиј“ – рече Џафери.

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, на отворањето на заедничката владина седница оцени дека неговата земја и Македонија ги делат истите вредности и ориентација на надворешната политика и дека двете влади мора да направат понатамошни напори во спроведувањето на проектите и поинтензивна економска соработка, така што резултатите би можеле да доведат до квалитетен напредок и валоризација на големиот потенцијал во бројни економски гранки.

"Драго ни е што сте тука и првата официјална посета на премиерот Зоран Заев во Црна Гора беше идеална можност да се собереме во Подгорица. Ова е, исто така, и првата заедничка седница на владата со друга земја што ја организираме во Црна Гора, што доволно зборува за важноста што ја придаваме на односите со нашите македонски пријатели. Црна Гора и Северна Македонија имаат многу заеднички нешта, почнувајќи од искуството на соживот во една иста земја, на фактот дека ние поминавме исто во клучните историски моменти на зачувување на мирот и темелите на државноста на нашите земји цврсто ги градиме на мултикултурализмот, мултиетничноста и меѓуверска толеранција. Северна Македонија е земја со која Црна Гора нема отворено прашање, а функционерите спроведуваат интензивен дијалог на сите нивоа", рече Марковиќ.

Околу 10 часот во една од зградите познати како „трите убавици“ во Карпош 4 изгоре стан на 16-тиот кат, а како причина за пожарот се наведува експлозија на плинска боца.

Пожарникарите веднаш пристигнаа на местото на настанот и успеале да го спасат сопственикот кој побарал помош од терасата.

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот