29 Март, 2024
0.0268

ФОКУС НА ДЕНОТ: Македонија тагува, познат идентитетот на жртвите, причината мистерија

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Директорот на Градскаат болница „8 Септември“, Христијан Костов изјави дека двајца се во критична состојба.

„Се јавуваат многу граѓани што сакаат да ја изразат својата солидарност, да дадат крв, меѓутоа можностите ни се ограничени“, вели Костов. 

Повредените се на возраст од 15 до 65 години. 

Eден од патниците кој ја преживеа тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово за телевизија Клан раскажа дека пред да се случи несреќата почувствувал дека нешто се случува. Патникот изјавил дека првично слушнал врева внатре во автобусот и потоа возачот ја изгубил контролата и излетале од патот.

„Нешто почна да тропа и забележав дека нешто не е во ред. Станав и си помислив да не заспал возачот или нешто друго се случува. Го видов возачот, беше стегнат зад воланот и се потрудив да скокнам кај него, да му помогнам да го држи правецот, но во тој момент го изгуби правецот и помина на другата лента, на правецот Тетово – Скопје. За среќа немаше други возила на другата лента и само се стегав за седиштето. Само го паметам моментот кога автобусот се судри со асфалтот и кога застана излегов преку прозорот. Имам повреда само на едната рака“, изјави Бејтула Нухиу за телевизија Клан.

Не бил пијан возачот кој управувал со автобусот кој се преврте вчера кај Карпалак. 

Веднаш по несреќата јавниот обвинител имал првичен разговор со возачот и притоа тој не дал релевантни податоци за целиот настан. Јавниот обвинител усно е известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции.

Сочувства за загубата на 14 лица во несреќата која ја зави во црно цела Македонија доаѓаат од цел свет.

Германскиот амбасадор Томас Герберих, испрати телеграма со сочувство до премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во која  изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје – Тетово.

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара