29 Март, 2024
0.3269

ФОКУС НА ДЕНОТ: Maж се самозапали во Кочани, платите пораснале

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Маж на 40-годишна возраст се самозапали во Трговскиот центар во Кочани. Лицето се полеало со бензин и потоа се запалил со запалка. Сведоци на настанот тврдат дека претходно пиел кафе.

Минувачите употревувале противпожарни апарати од соседните дуќани за да го изгаснат.

Лицето е однесено во Општата болница во Кочани, а интервенирале служните на Брза помош и Пожарната единица.

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска на брифинг со новинарите рече дека денеска власта ги чека амандманите од опозицијата за Законот за обвинителство по што ќе биде утврдено кога ќе започнат средбите на работните групи. 

- Законот треба да ги имплементира меѓународните стандарди и да не овозможи амнестија на било какво кривично дело кое се гони во моментов, или е во фаза на истрага или предистрага. Она што го слушам како најави од ВМРО-ДПМНЕ и остане на тоа што е, навистина мислам дека можеме да дојдеме до договор, но треба прво на писмено да ги видиме нивните ставови и забелешки. Лесто пати она што ќе го декларираат и што ќе го напишат како конкретен амандман се разликува у се кријат задни намери во истите особено за случаите на СЈО, рече Дескоска.

Државата со буџетски пари ќе им го субвенционира оброкот на студентите во земјава. 

По скратена постапка се носи Закон за субвенциониран студентски оброк, кој денес е на разгледување на Комисијата за финансирање и буџет, а Владата дала позитивно мислење за него. 
Предлагачи се четворица пратеници од владејачкото мнозинство, Јулијана Николова, Александар Кирацовски, Сашко Костов и Џеват Адеми

Помогнете ни да ја најдеме, таа никогаш не би го оставила своето семејство, очајно молат најблиските на 28-годишната Марија Брзакова од село Босилово која заминала од дома пред три дена и не се вратила.

Претседателот на СДСМ и екс премиер, Зоран Заев се пофали дека со нив платите во Македонија растат. 

„Просечната плата постојано расте! Во ноември 2019 година, таа изнесува 25.787 денари, што е за 5,1% повеќе во споредба со истиот месец претходната година. Платите растат во сите сектори, тоа е доказ дека сме на прав пат“, напиша тој.

Банките прибрале многу пари од граѓаните минатата година, но нешто послабо одело кредитирањето, особено на фирмите. 

Или, како што говорат бројките на Народна банка, депозитите лани пораснале за 9,5 проценти на годишна основа.

Златко Ангелески од Прилеп, има необична пасија. Тој повеќе од 3 децении собира поштенски марки и разгледници.

Ангелески поседува над 120.000 поштенски марки и 15.000 разгледници од целиот свет. Со ова хоби се занимава до ден денес и ужива во колекционерството.

Има ризици за македонската економија од случувањата во германската економија и тие стануваат се поголеми. Познавачите сугерираат дека Македонија мора да се фокусира на зголемување на интересот на Германците за повеќе домашни индустрии, но секако и кон обид да продаваме и на нови пазари со што ќе се намали зависноста само од Германија.

Министерството за економија смета дека со разрешување на долгогодишните спорови со предложената спогодба, постапката за сертификација на операторот на  системот за пренос на природен гас би се спровела непречено

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор