19 Април, 2024
0.5391

ФОКУС НА ДЕНОТ: Meркел против датум за преговори за Македонија, Груевски „откачи“ унгарски новинар

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

„Зидојче цајтунг“ објави дека германската канцеларка Ангела Меркел се произнесла против идејата Македонија ова лето да добие Датум за преговори со Европската унија, откако гласилото се повика на свои извори.

Меркел на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот рекла дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“.

„Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на 'отворни уши' кај ЦДУ и ЦСУ.“, пишува Зидојче цајтунг, според кого министерот за надворешни работи не наишол на разбирање кај лидерите на партиите од владеачкото мнозинство.

Поранешниот македонски премиер  Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија, денеска повторно беше пречекан од унгарски новинари во Будимпешта.

„Се извинувам, денеска нема да дадам изјава. Во некоја друга прилика ќе ти дадам изјава“, му одговари Груевски на унгарскиот новинар.

Новинарот инсистираше и му рече дека има само неколку прашања за него, но тој одби да зборува. Го прашуваше дали работи и како сега живее во Будимпешта. 

Груевски се појавил пред зградата 444 на Булевар Магрит и влегол во еден од становите.

Поранешниот премиер Никола Груевски својата оставка како пратеник ја депонираше преку нотар во Собранието, потврди спикерот Талат Џафери.

Заверената оставка пристигнала во средата на 5-ти јуни. Се очекува нејзиното прифаќање да се најде на дневен ред на следната собраниска седница во вторник, иако имаше негодувања од владеачкото мнозинство дека тој треба тоа дда го стори лично, а не од Будимпешта, каде што е азилант по бегството од затворската казна.

Џафери потврди дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

Нема датум за преговори со Македонија во нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

ЕУ признава дека Македонија ги исполнила условите за почеток на преговори. Земјите членки на ЕУ ги набројуваат во детали исполнетите услови поставени лани, како што се реформите во судството, во разузнавачките служби, јавната администрација и борбата против корупцијата.

Уште еднаш ги поздравуваат билатералните договори со Бугарија и Грција, и потенцираат дека Преспанскиот договор е „пример за другите во регионот“.

Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата