29 Март, 2024
0.0266

ФОКУС НА ДЕНОТ: Мицкоски тврди дека Заев му дал аргументи на Макрон, но рампата за ЕУ може да се крене

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Заев му даде аргумент на Макрон да ги блокира македонските евроинтеграции, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во разговор за Вечерњи.хр

Тој не смета дека ЕУ донела неправедна одлука за одложување на датумот за почетокот на преговорите со Македонија, туку таа одлука ја смета за последица на тригодишната катастрофална политика на премиерот Зоран Заев.

Мицкоски додава дека Заев ќе влезе во историјата на Македонија како најнегативната личност во овие 28 години, како и дека за него референдумот од 1991 година е единствениот важечки.

На прашањето каква е економската состојба во Македонија, одговара дека секој петти Македонец живее под линијата на сиромаштија. Објаснува дека тие немаат доволно пари за летен одмор или студии

Францускиот претседател Емануел Макрон е подготвен да ја крене рампата за преговори со Македонија и Албанија уште во следните месеци, вели тој во интервјуто за Економист

Но, тоа ќе се случи под услов реформи да спроведат и двете земји кандидати, но и Европската Унија дотогаш да ја изготви новата методологија за проширување. Ако се суди според зборовите на Макрон, Македонија може да се надева на почеток на преговори уште на Самитот во март.

„Доколку ја понижите Албанија, ќе направите трајна дестабилизација на регионот“, вели тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон предвидува распаѓање на НАТО алијансата.

НАТО е во состојба на мозочна смрт, а Европа стои на работ на бездна, вели тој. Во интервју за британски Економист,  Макрон изнесе драматични видувања за иднината на НАТО и заедничката политика на Европската Унија.

Вели дека е време „Европа да се разбуди”.

Централниот одбор на СДСМ синоќа, меѓу другото, донесе одлука да го назначи Наумче Мојсовски за претседател на партиска Комисија за спорт, со што ракометарот и официјално доби партиска функција.

Пред нешто повеќе од еден месец пак претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека формирал тим од стратешки соработници а меѓу нив се најде и името на ракометниот репрезентативец Борко Ристовски како стратешки соработник од областа на спортот.

Најавениот генерален штрајк на професорите и наставниците на 11 ноември нема да се одржи, соопшти Синдикатот за образование, наука и култура.

Од таму информираат дека истиот е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образаование и наука, потврди претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Тој додаде дека ваквата одлука се должи на тоа што Министерството за образование и наука му се потребни уште неколку дена за да ја изврши анализата за тоа колку средства може да се одобрат.

Ако имате 75 години и сакате да извадите возачка дозвола, таа ќе може да биде издадена со важност од максимум пет години.

Или, граѓаните автомобил ќе можат да возат само додека не наполнат 80 години. После тоа, овие лица ќе мораат да користат автобус, такси, или, пак, едноставно да пешачат

Најголемиот и единствен домашно поседуван Тутунски комбинат Прилеп има фантастичен квартал, нешто на што можат да му позавидат и многу домашни компании. Официјалните податоци покажуваат дека приходот од продажба за 90 дена пораснал за 9 милиони евра што е раст од 150 отсто во однос на првите шест месеци кога приходот изнесувал 6 милиони евра.

Владата му доделува државна помош на Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО. Информацијата е усвоена на 160 седница на Владата која е одржана на 22 октомври, а детали за тоа дополнително не беа објавени.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата