24 Април, 2024
0.0283

ФОКУС НА ДЕНОТ: МВР не знае каде е Јанева - Запленет глисер во „Рекет“

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

* (ОБНОВЕНО) Запленет е глисер на второсомничен во „Рекет“

Засега е запленет само глисер на второосмоничениот во случајот „Рекет“, запленет е пловен објект во Охрид, кој е во сопственот на Зоран Минески Кичеец, пишува порталот Плусинфо, а информацијата ја потврдиле од Јавното обвинителство.

Глисерот е запленет по налог на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за истрагата на случајот „Рекет“ во кој се осмоничени Бојан Јовановски, или познат на јавноста како Боки 13 и Зоран Милески Кичеец.

* Спасовски:МВР нема обврска да знае каде е Јанева, без налог од суд или обвинител

Министерството за внатрешни работи не знае каде се наоѓа Катица Јанева, бидејќи нема обврска да го следи движењето на секој граѓанин, истакна министерот, Оливер Спасовски во Прилеп.

Министерот при својата посета во градот под Марковите кули и присуството на Советот за превенција рече дека Прилеп е безбеден, во градот е мирно и стабилно и граѓаните да бидат спокојни. А МВР работело со полна пареа за расчистување на случајот со двете бомби кои го вознемирија градот.

* МИЦКОСКИ: Заев практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, да нема СЈО, да се формира ново обвинителство

Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во интервју за порталот Република вели дека Заев практично го прифатил предлогот на  ВМРО-ДПМНЕ да не се даде нов живот на тоа СЈО, туку да се формира ново обвинителство во рамките на постојното Јавно Обвинителство кое ќе се занимава со гонење на висока корупција и криминал.

„Предлогот на власта не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување на обвинителство кое ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод“, наведува Мицкоски.

* Пендаровски не остварил средба со Мицкоски

Досега не успеав да се сретнам со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, според Христијан Мицкоски не било сега момент.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека откога станал Шеф на државата имал средби со сите албански политички партии и од власта и од опозицијата, исто така се видел и со партијата на власт, остварил средби и со партиите на етничките мацинства во државата кои не се мнозински, но сеуште не успеал да направи средба со Мицкоски, како што вели претседателот во интервјуто Мицкоски рекол дека не бил сега моментот.

ФОКУС НА ДЕНОТ: МВР не знае каде е Јанева - Запленет глисер во „Рекет“

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи