20 Април, 2024
0.0272

ФОКУС НА ДЕНОТ: На Пендаровски не му се допаѓа „Северна“, Заев бара да запрат навредите кон Тимоние

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Maкедонскиот претседател, Стево Пендаровски во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“ изјави дека одлуката во Брисел навистина беше шок за сите, не само за него и за народот, туку и за целата политичка елита. 

Рече дека на лидерската средба сите партии, без разлика дали се од власта или опозицијата биле со исти чувства и став, дека испорачале она што треба. 

„Го решивме тоа со Договорот од Преспа и одеднаш Европската унија ни вели ние не сме подготвени, бидејќи пред тоа треба да направиме некои внатрешни реформи. Тоа не беше искрено, ниту праведно за сите што се длабоко инволвирани во овој процес. Сето ова, Договорот од Преспа, сите реформи, но Преспа на прво место е поради Европа. Ние сакаме да бидеме дел од Европската унија. И одеднаш никаде не ја гледаме Европската унија. Никаде ја нема Европската унија“, вели Пендаровски, пренесе МИА.

Она што ќе биде на чекање сѐ додека не започнат пристапните преговори со ЕУ е делот што се однесува на внатрешната и надворешната коресподенција и употребата на новото име, додава претседателот. 

Пендаровски прашан дали му пречи „Северна“ во името на државата, во интервју за „Recite Al Jazeeri“ на „Ал Џезира Балканс“, во кое зборува за разочарувањето од недобивањето датум за почеток на преговорите со Европската унија, рече дека му пречи, но се надева дека со текот на времето ќе се навикне

Да запрат критиките и навредите кон францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, побара денеска премиерот Зоран Заев. 

Вели дека сега треба да се работи на тоа да ѝ се укаже на Франција да си ја провери својата одлука, а критиките не се правилен пристап. Според Заев, критики се непотребни. Вели дека иако некои ставови понекогаш не повредуваат, сепак мораме да градиме пријателство со стратешките партнери. 

„Тој работи како пријател на нашта земја да ги укаже сите свои детали. Понекогаш не им е лесно на амбасадорите да ги доловат правците од Министерството за надворешни работи каде се вработени, и од претседателот на државата, од премиерот, министрите и слично. Ние треба да работиме преку укажување на Франција да ја провери својата одлука, оти јасно ни кажа дека сега не е до нас, туку дека е до нив“, изјави Заев.

Министерство за внатрешни работи го добило дописот од Судот и почнува потрага по Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешковски. Од МВР за Фактор потврдија дека попладнево го добиле известувањето и веднаш почнуваат со потрагата. Спасов требало да се пријави на издржување на затворската казна минатиот петок, но тој до денеска не се појавил во затворот во Идризово

Амбасадорот на Франција во Скопје Кристијан Тимониe изјави дека посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Македонија е неизвесна бидејќи земјата влегува во изборниот период.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите