20 Април, 2024
0.0264

ФОКУС НА ДЕНОТ: Невреме во Преспа, апокалипса во Грција

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Невремето кое го зафати југозападниот дел од земјава вчера ја затвори плажата во Долно Дупени.

На својот Фејсбук профил тие пишуваат дека големото невреме го разорало Дупени. Следните 4-5 дена нема да работеле затоа што ќе мора да оспособат барем дел од плажата за повторно користење.

Струја вчера немало на плажата, многу електрични столбови биле искинати, неколку дрвја откорнати.

Објавени се првите фотографии направени по апокалипсата која се случи на Халкидики во Грција. 

Седум луѓе, од кои шест туристи, загинаа во невремето што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики. По невремето 120 луѓе побарале лекарска помош.

Властите советуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и додека да не нормализира снабдувањето со струја.

Загинаа Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се урнал покрив во таверна во местото Неа Плагија. Меѓу загинатите се и двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа. Денеска било пронајдено уште едно тело, кое засега не е идентификувано.

Ветерот носел столици, маси, корнел дрвја од земјата, ги фрлал на возилата и рестораните.

Ветер со брзина од 120 километри на час, кој спаѓа во ураган од прва категорија вчера дуваше на Халкидики во Грција.

Во невремето загинале најмалку 7 лица, меѓу кои и две деца, а повредени се околу 120 луѓе.

Романка настрадала кога ветерот на таверната фрлил киоск, па кровот и паднал директно на главата. Нејзиниот син (8) се обидел да и помогне, но ветерот го подигнал и силно отфрлил на земја, после што и детето починало.

Грчката Влада нема да штеди напори во решавање на проблемот кој настанал поради силната бура на северот од Грција, во која загинале 7, а повредени се десетици луѓе.

Ова го изјави премиерот Кирјакос Мицотакис. 

„Сакам да изразам искрено сочувство за семејствата на жртвите на катастрофалната бура на Халкидики и да им посакам брзо закрепнување на оние кои се хоспитализирани. Нема да штедиме напори во решавање на проблемот“, напишал Мицотакис на Твитер.

И министерот за надворешни работи Никос Дендијас, изразил сочувство на семејствата на луѓето кои загинале во невремето.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите