19 Април, 2024
0.0311

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови искази за „Рекет“, платите пораснале

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Градежниот инвеститор Зоран Азманов денеска е повикан да даде исказ во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“ во кој осомничени се шоуменот Бојан Јовановски, неговиот партнер Зоран Милевски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, објави Дојче Веле.

Сопственикот на градежната компанија „Настел“ во неколку наврати изјавуваше дека е уценуван од Боки 13, а во една прилика наведе и дека Јовановски му тврдел дека поседува документи за него од финансиска полиција.

Во меѓувреме се повикуваат и раководители на Меѓународен сојуз, невладината организација на Јовановски, која била носител на проекти за чија реализација биле барани средствата ид бизнисмени.

Продавачка на луксузната продавница на „Пјер Карден“, каде што Бојан Јовановски бил клиент, била повикана денес претпладне на распит за случајот „Рекет“.

Вработената сведочела за потребите на истрагата, а Обвинителството се интересирало за купувањето на првоосомничениот на конфекција и мебел од луксузниот моден бренд.

Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека Собранието експресно го одбило за формирање на анкетна комисија која ќе треба да испита како и на што го трошел СЈО својот солиден фонд за работа пред неговото расформирање.

Предлог барањето е вратено на подносителите поради наводни недостатоци, изјави Милошоски, кој истовремено се сомнева дека ракописот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, е фалсификуван.

Се зголемиле платите во Македонија.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.6 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.8 %) и Транспорт и складирање (7.4 %).

Можеби ќе ве интересира

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите