06 Декември, 2019
0.0204

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ново Јавно обвинителство - Русковска неприфатлива за ВМРО- ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019

* РУСКОВСКА: Во понеделник очекувам вештачењето на телефонот на Катица да биде готово

Јавнотото обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во домот на Специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева барало два телефони, но успеало да одземе само еден телефон, кој веќе е на вештачење и за истиот тој мобилен обвинителката очекува вештачењето да заврши во понедленик.

 Русковска во емисијата „Стадион “ на Канал 77 изјави дека вториот телефон сеуште не е пронајден.

* Чомовски не можел да знае за големите суми на Боки 13 и телевизијата, а Русковска му одговори

Новинарот на 1ТВ, Александар Чомовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека не можел да знае дека големи суми влегле во телевизијата, бидејќи како што истакна тој Боки 13 се облекувал и луксузирал исто и пред 10 години. На овој коментар го демантираше Јавната обвинителка Русковска.

„Не е така,не е така, зашто беше должен на сите страни и каде стигнеше секаде го тепаа, не беше така и пред  10 години, сепак сме луѓе од градот и знаеме многу работи“,  му одговори Вилма Русковска, Јавната обвинителка за организиран криминал и корупција на новинарот Чомовски, во емисијата „Стадион“ на канал 77.

* ВМРО- ДПМНЕ не ја прифаќа Русковска за шефица на новото Јавно обвинителство

Далеку од прифатлива е Вилма Русковска за да го води новото Јавното обвинителство, велат од најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив обвинителката Русковска е лична желба на премиерот Заев, а за нив таа како предлог за шеф на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција е далеку од прифатлива.

Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на некој начин е практично прифатливо спојувањето на СЈО со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

* Помлад обвинител може да седне во фотелјата на новото СЈО

Според новиот предлог закон за јавното обвинителство за гонење на организиран криминал  и висока корупција за шеф на оваа обвинителство ќе може да конкурираат и помлади обвинители.

Министерството за правда го објави предлог законот и деталите за новиот закон, во него пишува дека за јавен обвинител на новото Јавно обвинителство може да биде избрано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку 6 години како јавен обвинител до моментот на пријавување за именување и кој е оценет со позитивна оценка во последните три години. Исто така во предлог законот пишува и дека изборот на овој обвинител ќе го врши Советот на јавните обвинители.


ФОКУС НА ДЕНОТ: Ново Јавно обвинителство - Русковска неприфатлива за ВМРО- ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Боки13 и Катица ќе убедуваат дека не се виновни за „Рекет“, сведоци Камчеви

Боки13 и Катица ќе убедуваат дека не се виновни за „Рекет“, сведоци Камчеви

Пукање во канцеларија на Агенција за национална безбедност

Пукање во канцеларија на Агенција за национална безбедност

Мерните станици почнаа да превртуваат: Загадениот воздух гуши

Мерните станици почнаа да превртуваат: Загадениот воздух гуши

КАНЦЕРОГЕНИ СЕ: Државен притисок да се намали присуството на акриламид во помфритот, чипсот, грицки, леб, кафето

КАНЦЕРОГЕНИ СЕ: Државен притисок да се намали присуството на акриламид во помфритот, чипсот, грицки, леб, кафето

Тасевска, Ацевски или некој трет - партиите го договориле ревизорот, денеска на комисија

Тасевска, Ацевски или некој трет - партиите го договориле ревизорот, денеска на комисија

Иџе во војна со АМС: Не ми го дадоа ветеното, парите отидоа за друг автомобилист

Иџе во војна со АМС: Не ми го дадоа ветеното, парите отидоа за друг автомобилист

Се откажуваат од македонско државјанство, но што ако се премислат?

Се откажуваат од македонско државјанство, но што ако се премислат?

ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВА ДЕНА: Заев од прием кај кралицата Елизабета Втора до расправија со баба Перса во Волково

ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВА ДЕНА: Заев од прием кај кралицата Елизабета Втора до расправија со баба Перса во Волково

ФОКУС НА ДЕНОТ: Жени му се жалеа на Заев дека ништо не направиле во Волково, што ќе се случи со аболициите на Иванов?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Жени му се жалеа на Заев дека ништо не направиле во Волково, што ќе се случи со аболициите на Иванов?