28 Март, 2024
0.0291

ФОКУС НА ДЕНОТ: „Падна“ оставка во Шутка, Миле си оди дома, Спиро останува во затвор

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Директорот на затворот Шутка, Ѓоко Котевски денеска изјави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев за оставка. Тој кажа дека извештајот за физичкиот напад врз екс министрите, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски ќе биде готов в понеделник. 

Премиерот Зоран Заев претходно побара оставка од Котевски. Тој изрази жалење и го осуди инцидентот кој се случи во затворот. 

Поранешниот министер Миле Јанакиески е пуштен во домашен притвор.

„Жалбата на М.Ј. се уважува, па мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор во траење од 30. дена“,  стои во соопштението од Судот.

За разлика од него, поранешниот министер  Спиро Ристовски останува во притвор во Шутка.

„Жалбата на С.Р. се одбива како неоснована“, стои во соопштението на Судот.

Припадници на кумановската група кои упаднаа во Диво насеље пред неколку години, ги нападнаа вчера екс министрите. 

Mухамед Красниќи алијас командант Малишева на Фејсбук напиша дека секој политичар кој е вмешан, како што вели, во оваа стапица и кој ќе им падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од било кој член од групата од Диво Насеље. 

Ова се однесува на нападните екс министрите, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески во затворот Шутка, но командантот го избришал постот.

Тој во објавата им честиташе на тепачите. 

Сега командантот нема објави по 2015 година, откако последната ја избриша. 

Информациите кои се појавија во јавноста, за наводно зголемен број исчезнати лица, ги демантираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Toj најави дека за оние кои намерно ја вознемируваат јавноста, ќе бидат преземени законски мерки.

„Граѓаните нема за што да бидат загрижени во однос на безбедноста. Бројот на исчезнати лица се намалува постојано, и оваа година е помал од претхoдната. Ефикасноста во пронаоѓање на исчезнатите лица по пријава е некаде околу 94 проценти. Јас апелирам до граѓаните на одговорнен однос и пристап. Најлесно е да седите пред компјутер и да напишете нешто на социјалните мрежи што ќе ги вознемирува дополнително граѓаните на Република Македонија. Вчера прочитав информации за исчезнувања, па после се наоѓале луѓето со недостаток на одредени органи. Апсолутно ги демантирам овие работи“ – рече министерот.

Спасовски вели дека врз пронајдените тела на исчезнатите се врши обдукција, а ниту еден наод не констатирал недостаток на некој орган.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?