24 Април, 2024
0.0282

ФОКУС НА ДЕНОТ: Павле Богоевски се правда, „метлата“ на Заев ќе заигра во јуни

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Да точно е дека е мојот глас на снимката, но не е точно дека нарачувам кокаин пишува на социјалната мрежа Фејсбук, пратеникот Павле Богоевски.

Тој се обиде на овој начин да се оправда откако во јавноста преку руска социјална мрежа протече „аудио бомба“.

Павле во постот потврдува дека се работи за неговиот глас, но како што потенцира не нарачувал кокаин туку масло од канабис за негова блиска личност.

Oставка од пратеникот Павле Богоевски по неговото признание дека набавувал масло од канабис, што беше објавено на најновата бомба на „Илија Громовник“, бара актерот Драган Спасов - Дац. 

Тој ова го објави на Фејсбук. 

„Очекувам оставка од Павле Богоевски и прес-конференција на Миле Бошњаковски!
Како што е ред, нели?“, прашува Дац

Верувам дека во почетокот на јуни ќе излезам со промени во раководни структури на министерско ниво, раководни структури на државни институции, а при крајот на јуни верувам дека ќе се пуштиме и во општините каде државата е претставена со одредени институции.

Ова го кажа премиерот oдговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на Презентацијата на Извештајот на ОБСЕ со резултатите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените.

Заев кажа дека во следните две недели ќе донесат големи одлуки за државата, ќе се направат промени во сите структури, почнувајќи од највисоката хиерархија.

„Ќе се дискутира за промени на некои министри, заменици министри, директорите, но можностите за промена се уште се дискутираат. Откако ќе можеме да ги балансираме позициите ќе ги објавиме имињата и причините“, истакна премиерот.

Тој кажа дека промени ќе има и во неговата матична партија, СДСМ.

Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние денеска повтори дека дрвото е засадено и сѐ уште се очекуваат плодовите, а плодовите се всушност исполнување на конкретни нешта.

Франција очекува исполнување на конкретни работи од Северна Македонија меѓу кои и постигнување на договор за СЈО, за да донесе одлука за датум за преговори за земјава.

Штотуку родено бебе вчера е пронајдено во скопската населба Топанско Поле.

Минувач го пронашол бебето во тревата и случајот го пријавил во полиција. Бебето потоа со возило на брза помош е пренесено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП