19 Април, 2024
0.2029

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пендаровски и Силјановска си разменија критики, во Србија „врие“

Објавено во: Македонија 17 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателските кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска го заоструваат речникот и си разменија критики. 

Целиот мој мандат ќе ги штитам правата на граѓаните, порача во видео обраќањето утрово претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

„Оние кои не се спремни да осудат насилство, не може да ја водат државата“, изјави Пендаровски. 

Тој рече дека вчера прв пат видовме провостепена пресуда за насилниците кои сакаа да спречат мирен трансфер на власта на 27 април 2017 година. 

Претходно со видео, Гордана Силјановска вети промени и правда. Деновиве двајцата кандидати почнаа да се обвинуваат меѓусебно на средбите со граѓаните, за тоа кој што ветува и кој какви ставови има

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега и доби азил во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци доставувал до Апелацискиот суд во Скопје жалби за определниот пртивор во предметите на Специјалното јавно обвинителство. 

Ова е наведено во седмиот шестмесечен извештај кој го објави СЈО.

Во него пишува дека Груевски преку неговите адвокати се жалел до второстепениот суд дека му е определен притвор во предметите: „Траекторија“, „ТНТ“ „Насилство во Центар“ и „Талир 2“. На Груевски во овие предмети, освен во „Талир 2“, му се суди во отсуство.

Српската полиција ги извади шлемовитe, a протестот во Белград заврши.

Протестот на здружената српска опозиција заврши попладнево околу 18 часот. Граѓаните кои се упатија од српскиот Парламент пред полициската станица „29 ноември“ се разотидоа, откако Бошко Обрадовиќ, еден од лидерите на Сојуз за Србија (СЗС), даде рок до властите до утре во 15 часот да бидат ослободени сите лица кои беа приведени за упадот во зградата на РТС.

Српските медиуми јавуваат дека полиција сè уште останува во кордон во близина на објектите на кои е распоредена, но без заштитни капи.

„Се случи 5-ти октомври а истото наскоро ќе му се случи и него наскоро. Тој е готов. Ние имаме проблем само со еден човек, а тој се крие во оваа зграда позади нас. Нема веќе враќање назад. До Велигден Александар Вучиќ нема да биде претседател на Србија“ - изјави Вук Јеремиќ.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во своето обраќање до нацијата по синоќешниот инцидент, порача дека државата нема да дозволи да се загрози ниту еден живот.

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо