29 Март, 2024
0.0269

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пендаровски побара заслужена шанса од ЕУ, Туск искрено му одговори

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во јуни Европската Унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на  европска држава со праведно, хумано и напредно општество, порача претседателот Стево Пендаровски на зедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

– Пред две недели го добивме најдобриот и најпозитивниот извештај на ЕК за нашата земја. Не само што добивме чиста препорака за почеток на прероговите туку бевме посочени како светол пример во Западен Балкан. Тоа го направивме со решавање на децениски прашања. Донесовме храбри одлуки за многу чувствителни прашања за нашите граѓани со цел да ја отстраниме најголемата пречка во процесот на зачленување и во ЕУ и во НАТО. Со договорот за добросоедство со Бугарија и со Спогодбата од Преспа се ослободивме од товарот во минатото. Северна Македонија е единствената земја во регионот која веќе нема отворени прашања со соседите. Покрај тоа испорачување реформи во многу клучни области и се усогласуваме со политиката на ЕУ. Свесни сме дека се потребни уште реформи и оти имаме слабости, ни претстои многу работа. Но морам да истакнам една реалност – ние сме најефикасни кога пред нас имаме задачи, а преговорите за членство се најдобрата реформска алатка, истакна Пендаровски.

Не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање на преговори во наредните денови, изјави Доналд Туск, претседател на Европски совет.

Тој се сретна со македонскиот претседател, Стево Пендаровски. 

„Согласно мојата позиција како претседател на Европскиот совет не сакам да ја предвидувам одлуката на ЕУ. Вие направивте сè што се очекуваше од вас, но сакам да бидам искрен со вас“, рече Туск.

Нашата земја најверојатно ќе добие датум во пакет со Албанија.

„Лично верувам дека може да има само една одлука – отпочнување на преговорите согласно препораката од ЕК и со Северна Македонија и со Албанија“, рече Туск.

Туск вели дека постигнување консензус меѓу земји не секогаш е лесно и брзо.

Драган Тевдовски, министерот за финансии, денеска рече дека воведувањето на прогресивен данок за доходи кои месечно надминуваат 1.500 евра се покажало како исправно, бидејќи краткорочните резултати од оваа година велат дека има раст на платите, вработувањето, БДП и наплатата на даноците.

- Велеа дека ќе бидат погодени платите на програмерите и оние во секторот комуникации. Тие се најголеми плати и најчесто го надминуваат прагот од 1.500 евра за прогресивно оданочување. Платата на програмерите е за 5,5 отсто зголемена оваа година споредено со истиот период лани, а кај комуникациите вработувањето е зголемено за 1.500 лица во однос на првиот квартал од 2018 - вели Тевдовски. 

Додаде дека има дополнителни 17.000 вработувања по првите три месеци од 2019, а невработеноста е сведена на 17,8 отсто. Тевдовски не сакаше да одговори децидно дали платата, според владината програма, ќе достигне просек од 500 евра до крајот на редовниот мандат, но вели дека економските резултати биле подобри од претходната власт.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница