20 Април, 2024
0.0282

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пендаровски замина на средба со Макрон, се покачуваат платите во здравството

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Шефот на државата патува во посета на Франција. Таму ќе биде по повод учеството на Парискиот мировен форум.

Вечерва претседателот Пендаровски ќе присуствува на вечерата во Елисејската палата што францускиот претседател Емануел Макрон ја приредува за шефовите на држави и меѓународни организации кои се дел од Парискиот форум за мир, а утре се очекува да има средба со францускиот претседател Макрон.

Ќе скокнат платите на здравствените работници.

„Падна“ договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, и тоа ќе стартува од февруари идната година.

Лекарите специјалисти ќе имаат за 25 проценти повисоки плати, а медицинските сестри за 10 проценти. 

Платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист во Клиничкиот центар на Хируршките клиники и на Интерните клиники ќе достигне, но на некои и ќе надмине и 100.000 денари

Во фокус на Предлог-буџетот за 2020 година ќе бидат инвестициите во човечки капитал, односно во подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст реалниот сектор. Годинава инвестираме речиси 56% од вкупните буџетски расходи во областите врз кои се потпира човечкиот капитал, односно здравството, образованието и социјалата.

Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на предлог-буџетот за 2020 година пред бизнис заедницата, невладиниот сектор, синдикатот и експертската јавност, која се одржа денеска во Министерството за финансии.

Таа посочи дека ваквите настани се добра пракса, бидејќи може да се слушнат видувањата и мислењата од експертите, синдикатите, бизнис секторот и невладиниот сектор.

Имав страв дека ќе ми заврши животот, рече премиерот Зоран Заев, кој денеска во Кривичниот суд сведочеше за настаните од 27-ми април во Собранието, како оштетен во кривичната постапка.

„Имав страв дека ќе ми заврши животот. Чувство кое никогаш дотогаш не сум го имал“, рече премиерот Заев.

Постои ризик да пропадне и судскиот процес за сообраќајката на 13 февруари кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, напиша на Фејсбук поранешниот пратеник Павле Богоевски.

„Таму обвинети се шест лица. Сопственикот и двајца вработени на Дурмо турс се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека други тројца вработени во станицата за технички преглед за соучество во истото дело. Според наводите на Обвинителството, поранешен вработен во Дурмо турс изјавил дека кога автобусите се носеле на сервис во Скопје, таму се инсталирал уред за манипулација на тахографот, дека тој уред се активирал со копче и бележел помала брзина', со чија помош возачите можеле слободно и незабележано да возат со брзина поголема од дозволената. На денешното рочиште, сведокот се премисли и рече дека не изјавил такво нешто“, пишува eкс пратеникот.

Надлежните министри смируваат и велат дека нема простор за паника кај населението бидејќи токсичната хемикалија од ОХИС не испуштила никакви супстанци надвор во воздухот, покажало истрагата на акредитираната лабораторија.

Анализата во рамките на Штипскиот универзитет утврдиле дека траги од метил акрилат мономер има во цевките на цистерната, а испарувањето било внатре, додека надвор не е забележано.

Ќе биде ли буџетот за 2020 година една предимензионирана желботека и екстра гломазен предизборен збир на ветувања за плати и пензии, но и за нереални капитални проекти, како што обвини опозицијата, или, пак, некој во власта навреме ќе се освести и ќе ја крене потребната „рачна“, и во име на одговорноста - ќе се успее да се скрои барем малку разумна државна каса.

По точно 23 килограми крап и сом биле испратени годинава од Агенцијата за управување со одземен имот како отстапница на адреса на затворите во Идризово и Гевгелија.

Прилепската прехранбено - кондиторска индустрија одлично го зголемува пазарното учество на домашниот пазар и во странство. И тоа е најважната вест за нејзните акционери. На прав пат се! „Витаминка“ си прави поголем простор на домашниот пазар, но и на странските пазари

Акционерите можат да бидат задоволни, приходите од продажба пораснале за 2 отсто, оперативната добивка е поголема за 12 отсто, а нето профитот е 23,3 отсто и порасна за 9 отсто во споредба со лани.

Стои ли гасната централа ТЕ-ТО последен пат како најголем даночен должник на листата која еднаш месечно ја објавува Управата за јавни приходи. Последната е објавена во петокот и на неа ТЕ-ТО е прв најголем должник кон државата на која и должи вкупно 17,2 милиони евра и тоа по основ на данокот на добивка.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители