25 Април, 2024
0.0304

ФОКУС НА ДЕНОТ: По погребот во Гевгелија, Јанева останува во Шутка, за Заев СЈО е обезглавено

Објавено во: Македонија 22 Август, 2019

Добивај вести на Viber

За премиерот Зоран Заев СЈО е обезглавено по притворањето на обвинителката Катица Јанева. 

Тој се надева дека набрзо ќе бидат избран в.д. обвинител. 

Премиерот Зоран Заев по ЦО на СДСМ вечерва изјави дека сите треба да внимаваат да не го кршат законот, без разлика кои се. 

Тој вели дека законите во државата владеат. Заев вели дека веќе никој не врши притисок. 

Премиерот верува дека за „Рекет“ нема инволвирани луѓе од партијата, но ако за некого има докази вели дека секој треба да одговара. 

Заев негираше дека разговарал со Боки 13 за Орце Камчев или Катица Јанева

Специјалната обвинителка, Катица Јанева останува во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, откако жалбата за притворот е одбиена. 

Кривичниот суд синоќа за Јанева одреди 30-дневен притвор, а таа е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба во случајот „Рекет“. Од прибавената имотна корист Јанева за себе зела мебел. 

Нејзиниот адвокатот вчера најави дека ќе поднесе жалба за притворот. 

Обвинителка Катица Јанева, утрово со полициска придружба од затворот Шутка е однесена во Гевгелија на погребот на својата мајка. 

Денеска повторно ѝ се слошило на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, па не се придружила на погребната поворка, туку полицијата ја вратила назад во затворот, објави Плусинфо. Јанева не успеала да оди на гробиштата. 

Обвинителката во СЈО, Фатиме Фетаи пред да влезе во судница беше пресретната од новинарите кои побараа од неа изјава за синоќешното апсење на нејзината шефица Катица Јанева.

Фетаи категорично рече дека „Секој кој се огрешил пред законот мора да одговара“.

Работите конечно се придвижуваат кон позитивна насока, во нашата држава и едноставно никој не е недопирлив“, исто така обвинителката истакна дека индивиудална кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО, не смее да биде изговор и да се заборави целокупниот направен криминал кој беше направен во нашата држава, во последниот период.

Фетаи потенцираше дека тимот на СЈО е целосно посветен на својата работа, барање правда.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг