23 Април, 2024
0.0333

ФОКУС НА ДЕНОТ: Подигнато знамето на НАТО, братот на Мира Стојчевска вработен во ЕЛЕМ

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Со интоинирање на химната денеска знамето на НАТО беше подигнато пред владата.


На платото пред Владата по повод свеченото кревање на знамето на НАТО присуствуваа голем број на лица од јавниот политички живот, меѓу кои и поранешните премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски. Меѓу нив беше и актуелниот пратеник Амди Бајрам.

Церемонијата ја следеа речиси сите министри, а во првиот ред беа вицепремиерите Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Бујар Османи, Оливер Спасовски. Таму е и Стево Пендаровски. Говорот на премиерот Зоран Заев го следеше и гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска Бежоска.

Да живее европска Република Северна Македонија, да живее Европа, да живее НАТО, рече на крајот од својот говор македонскиот премиер Зоран Заев на денешната свечена церемонија пред македонската Влада по подигнувањето на знамето на НАТО заедно со државното.

„Ние не веруваме во приказните за распаѓање на Европската унија, ние ја гледаме како најсилна. Ние припаѓаме таму и историски и политички. Пред нас е голема работа што треба да се заврши. Брисел нема да ни гледа низ прсти. Не очекувам попустливост од ЕУ. Некогаш ќе ни се бара и влакно во јајцето. Извршувањето на поглавјата има значење на директив. Нема да стасаме до Европа ако не работиме. А на Европа имаме што да и понудиме....мултикултура, соработка, наука“, истакна Заев во свечениот говор пред голем број на домашни гости од политичкиот и општествениот живот.

Преку НАТО ќе се реализира членството во ЕУ, смета Заев, а најголемата вредност што ќе биде извлечена ќе бидат еднаквите шанси за сите и правдата. Ја повика и опозицијата на заедничка соработка на патот кон зачленувањето.

Претседателот Ѓорѓе Иванов ја доби поканата да присуствува на церемонијата за поставувањето на НАТО знамето пред Владата откако настанот заврши, изјавија од кабинетот на Иванов за Фактор.

Оттаму велат дека затоа претседателот на присуствувал на настанот. Претходно од Владата изјавија дека го поканиле претседателот и по курир и електронски. 

По објавувањето на штурата информација дека братот на пратеничката Мира Стојчевска е нововработен во АД ЕЛЕМ, веднаш по потврдата дека и нејзиниот син Виктор Стојчевски е ангажиран во компанијата, „Фактор“ дознава дека станува збор за Целе Велевски.

Тој од вчера е вработен со договор во подружницата РЕК Битола преку агенција за вработување. Неговиот договор со Електрани на Македонија е до 27 април.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...