20 Април, 2024
0.0277

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пописот ги скара партиите, странски медиуми навестуваат кога Македонија ќе добие датум

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев продолжува со целосно редефинирање на Македонија. 

Велат дека откако ја избришал македонската историја, се откажа од македонското име и јазик, сега исплаќа нови концесии кон своите доверители. 

„Во текот на вчерашниот ден започна таканаречениот пробен попис, попис на матични броеви, попис каков што нема никаде во демократска Европа. Заев без консултации со опозицијата насилно турка попис на матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат, попис кој нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда мора да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција, операција преку која ќе манипулираат со бројката на жители во државата. Задкулисните игри и договори се недозволиви кога станува збор за националните и државните интереси. Недозволиво е да се пазари со една ваква клучна операција како пописот од која зависат идните политики на државата. Доколку Зоран Заев навреме не се откаже од ваквата монструозна идеја многу е веројатно дека пописот ќе ја  оживее судбината на неуспешниот референдум за промена на името. Заев мора да разбере дека има поважни и по суштински работи од власта, парите и моќта. Тој мора еднаш засекогаш да сфати дека функциите се минливи, а држава треба да ја оставиме и на идните генерации“, реагираат од партијата. 

Овој процес мора да запре, препораките на Еуростат и европските стандарди мора да се применат и на пописот во Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Oд СДСМ реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и затоа шири лажни информации. 

Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество и тоа им е јасно на сите освен на ВМРО-ДПМНЕ, која нема никаков кредибилитет да зборува за попис, се вели во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Цели 11 години додека беше власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го почна, поради политички калкулации го прекина, а потроши над 3 милиони евра народни пари. Денес како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не била консултирана и дека не ѝ бил оставен простор за забелешки во однос на законите.За разлика од пропаднатиот попис во 2011, сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат. Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки“, наведуваат од партијата

Странски медиуми пишуваат за тоа кога нашата земја ќе добие датум за преговори.

„Катеримини“ и Ројтерс пренесуваат дека датум за Македонија ќе има, но не и за соседна Албанија. 

Северна Македонија веројатно кон крајот на годинава ќе добие поддршка од ЕУ за почеток на преговорите за членство.

Додека во случајот на Албанија и пристапните преговори со ЕУ на таквата одлука се противат Франција, Германија и Холандија, пишува грчкиот весник „Катимерини", повикувајќи се на дипломатски извори.

И покрај реториката дека ЕУ треба да прифати нови членки од Западен Балкан, со цел тие земји да го зајакнат својот европски пат и да се маргинализира кинеското и руското влијание, прашањето за миграција предизвика сомнежи во некои северни држави на Унијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите