19 Април, 2024
0.0268

ФОКУС НА ДЕНОТ: Повредените од Романовце се борат за живот, во Италија се шири коронавирусот

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Двете жени повредени во вчерашната експлозија нво Романовце имаат изгореници над 80 отсто и се во тешка и во критична состојба. 

Во тешка и критична спстојба е и повредениот маж, информираат од Клиниката „Мајка Тереза“.

Директорот на ТОАРИЛУЦ Илир Хасани денеска информираше за состојбата на повредените, хоспитализирани се тројца пациенти, две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.

„Двете жени се во тешка и критична состојба. Се бориме со максимални сили да ја стабилизираме нивната состојба. Се работи за тешки изгореници со над 80 проценти, додека мажот е отприлика со изгореници од 45 проценти. Тројцата пациенти се на апарати за вештачко дишење со тешка и критична состојба“, истакна Хасани.

За време на говорот на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во Австралија се вклучи аларм по што настапот на поранешниот шеф на државата привремено оред иселениците мораше да биде прекинат, што може да се види од видеото кое го објави „Фаланга“.

Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка-напиша пред малку на социјалните мрежи пратеникот Мухамед Зеќири , споделувајќи ја радосната вест со своите пријатели и јавноста.

Антонио Милошоски го предизвикува претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да открие кој го снимал неговиот разговор кој самиот доскорешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ го објави вчера. 

Тој ја толкуваше аудио-снимката како мешање на поранешниот премиер во одлуките на судската власт. Милошоски на прес-конференција во неделата (23.02.) презентираше снимка и транскрипт од наводен разговор меѓу Заев, и како што тврди, едно лице опфатено со случајот „Рекет“ и уште едно непознато лице кој се одвивал во владата во мај минатата година.

Инфективната клиничка болница во Штип ќе биде базата во која ќе се изолираат болните и сомнителните случаи заразени од коронавирусот во Македонија, соопшти Венко Филипле, министерот за здравство, по состанокот на Комисијата за заразни болести.

Јавноста можеби заборави на Блерта Поцеста, но името на жената која во 2018 година си ги уби родителите и помалата сестра денеска повторно исплива во медиумите, но овој пат тоа не е поврзано со случајот кој ја потресе Македонија но и Италија.

Блерта Поцеста ќе се појави како сведок во случајот со Пино Секондо, момчето кое беше убиено минатата година.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го повика членството и симпатизерите на утрешен протест пред Јавното Обвинителство во 18 часот на кејот на реката Вардар, па до Врховниот суд.

Здравствените власти немаат информација дали некој од Македонците кои живеат во Италија се заразени од корона вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ако граѓаните немаат итна потреба, треба да ги одложат патувањата за регионот на Северна Италија.

Апокалиптичните сцени во Италија по коронавирусот се шират со голема брзина. Вирусот се појави во земјата кон средината на минатата недела, при што загинаа четири лица а се заразија повеќе од 150 луѓе.

Kоронавирусoт би можел да биде по потекло од САД, објави вчера јапонската телевизја „Асахи“, една од најголемите медиумски куќи во Јапонија.

Постои 30 години, располага со 2.000 експонати, а досега го посетиле 40.000 луѓе од земјава и странство.

Најмалиот етнолошки музеј на светот од само неколку квадрати се наоѓа во селото Џепчиште, на 5 км северозападно од Тетово, и е во сопственост на Симеон Златев Моне.

Од мноштвото домашни компании кои се занимаваат со производство на мебел , седум се милионери од аспект на остварените приходи. Нивните приходи се движат од 1,5 милиони евра до 6,9 милиони евра. А кај најуспешната профитот надминува 10 отсто од приходите

Иновациите ги носат промените што ја градат иднината каква што сакаме да биде. Во создавањето на овој нов свет предводат компании коишто користат научни истражувања, технолошки пронајдоци и идеологија за создавање подобра иднина.

Има ли државата механизам кој ќе придонесе за раст на економијата, а ќе ги стабилизира и трошењата во таков баланс за да не се создаде нов притисок на јавните финансии и да се зголеми јавниот долг? Министерката за финансии Нина Ангеловска убедува дека државата е во период на стабилизација и консолидација на долгот, па и покрај проектираните дифицити, во иднина на среден рок, земјата ќе има помали долгови.

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне