19 Април, 2024
0.0281

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пратениците изгласаа повисок минималец, Мицотакис ветил дека ќе помогне за евроинтеграциите

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во Собранието денеска е изгласан Законот за повисока минимална плата од 14.500 денари со почеток на исплата од месец декември.

Пратеникот Александар Кирацоски на својот Фејсбук профил наведува дека со тоа се зголемува семејниот буџет кај многу семејства кои примаат минималец, се отвора спиралата на раст на платите, се зголемува основната потрошувачка и се подигнува животниот стандард.

Јужниот сосед ќе помогне за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ.

„Грција е влијателна земја во ЕУ и побарав да помогне за да добиеме датум за почеток на преговорите“, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис. 

Заев добил позитивен одговор од Мицотакис дека ќе се бори за ЕУ интергациите на Македонија.

Имплементацијата на Преспанскиот договор била една од темите за кои разговарале со Мицотакис, но и за граничните премини, за меѓународната експертска група која треба да продолжи со разговорите за да ги најде прифатливите решенија за двете страни.

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека здравјето не е основ за укинување на притворот, но обвинителството се грижи за здравјето на обвинетите. 

Вчера адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски рече дека на Боки му откажал левиот бубрег.

„Зависи какви барања ќе има од притвореното лице, обвинителството ќе даде соодветно мислење, а судот одлука“ – изјави Јовески.

Членовите на Судскиот совет со едногласна одлука не ја прифати иницијативата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за разрешување на судијката Добрила Кацарска.

Претходно тричлената комисија на јавна седница ги сослуша и Кацарска и сопругот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски, кој ја поднесе претставката за разрешување пред да го поднесе извештајот.

„Барате ли работа? Ние ви нудиме редовни месечни примања, бонуси за успешно работење, обуки за напредок во работата, пријатна работна атмосфера, како и работа во две смени, од 40 часа неделно“.

Ширум Европа се зголемува бројот на возрасни работници, покажуваат статистиките на Евростат.

Меѓу трите земји кои се со најголем број стари работници е и најмоќната европска економија, а друштво ѝ прават Шведска и Данска.

Кој буџетски корисник колку пари ќе има на располагање за трошење следната година. Предложениот буџет веќе е доставен до народните избраници. Тие ќе имаат на располагање дваесетина дена да го мерат и премеруваат, а потоа да ги кажат своите критики или пофалби на собраниската Комисија за финансирање и буџет, каде, пак, добиваат вкупно десет дена, и тоа пет за општа расправа, а пет за дискусија во врска со предложените амандмани.

Можеби ќе ве интересира

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите