26 Април, 2024
0.0565

ФОКУС НА ДЕНОТ: Предметите од СЈО одат во рацете на Јовески, утре во Собрание следи разрешувањето на Јанева

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Предметите од СЈО се преземени во ЈО. 

Јавното обвинителство денеска ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ќе се одржи утре во 13 часот. Од кабинетот на собранискиот претседател Талат Џафери, соопштија дека тој веќе го потпишал решението за свикување на пленумот со само една точка на дневниот ред.

За нејзиниот можен наследник, партиите уште преговараат, како и за Законот за јавно обвинителство, за кој со месеци немаат договор. 

Добро е што Заев призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. 

„Заев денес се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева“, му одговори денес на Фејсбук Милошоски. 

Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека се „лажги со опашки“ тврдењата на пратеникот дека тој на лидерската средба изјавил дека Јанева за десет дека ќе биде пуштена во домашен притовор. 

„Мојот коментар беше оти од адвокатката Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски“, изјави Заев.

Милошоски бара од Заев да даде одговор на неколку прашања. 

„Прво, во кое својство премиер на држава, кој не е ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева? Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева? И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на “консилиере” на групата за “Рекет” и кој е тука главниот?, го прашува Милошоски

Нема излез од Шутка за првиот осомничен во случајот  „Рекет“.

Ова станува јасно од одлуката на судот која ја пренесоа дел од медиумите а согласно која притворот за Бојан Јовановски се продолжува за уште еден месец.

Тоа значи дека Боки 13 ќе биде зад решетки уште 30 дена.

Политичкиот активист Љупчо Палевски - Палчо, познат како дел од движењето за бојкотирање на референдумот за промена на уставното име, вчера е притворен во Белград во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва. Станува збор за активирана потерница од Хрватска и во моментов членот на партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева е во екстрадиционен притвор, објави „360 Степени“.

Тој е приведен од српската полиција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор, а информацијата ја потврди неговиот адвокат Васко Стојков, кој тврди дека Палевски во Москва требало да склучи бизнис-зделка

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот