20 Април, 2024
0.0297

ФОКУС НА ДЕНОТ: Препукувања за Законот за јазици, познато кога ќе бираме претседател, Хан бара реформи

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во Службен весник е објавен Законот за употреба за јазиците, кој е донесен во Собранието пред една година, но не можеше да стапи во сила без да биде излезе службено во јавност.

Тој е без потпис на указ од страна на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, односно заверен само од страна на собранискиот спикер Талат Џафери.

Ова ги скара власта и опозицијата, а се огласи и шефот на државата, Ѓорѓе Иванов. 

„Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска. Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни. 

Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење. 

Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото“, реагира Иванов. 

Oд ВМРО ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски. 


Од партијата  велат дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник и Законот за ратификација на спогодбата од Преспа, без потпис на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, а со потпис на Џафери е противуставно.

Собранискиот спикер Талат Џафери му порача на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов да не се меша во законодавната власт, по реакцијата на шефот на државата за неговото заобиколување при објавување на Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Преспанскиот договор во „Службен весник“ без негов потпис на указите.

21 април е можниот датум на кој Македонија би можела да избира нов претседател на државата, а 5 мај се спомнува како датум за втор претседателски круг.

Ова денеска го откри собранискиот спикер Талат Џафери кој потенцираше дека овие датуми се разгледуваат како можни.

Не е само договорот од Преспа важен за отпочнување на преговорите со ЕУ, туку и реформите во земјава, вели европскиот комесар Јоханес Хан во интервјуто за Миа.

За фирмата „Македонија лек“, која дистрибуираше 650 МРП вакцини со погрешни декларации ќе има парична казна. 

Министерството за здравство нема да го раскине договорот со фирмата, затоа што овие биле последни количини на вакцини. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите