ФОКУС НА ДЕНОТ: Промени во СДСМ, невреме зафати делови од Македонија
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2019
Премиерот Зоран Заев по Централниот одбор на партијата во Охрид, изјави дека ќе има реконструкција на Владата, а нема да има предвремени избори.
Заев вели дека ова е за заокружување на евроинтеграциската иднина на нашата земја.
Рече дека промените треба да завршат и Владата со целиот свој капацитет да ги реализира реформите.
Избран е извршен одбор, организационен секретар, директор на центарот за истражување и аналитики. Премиерот рече дека од 16 членови на извршен одбор, 9 се жени.
За функционерите, градоначалниците ќе има месечен календар со обврски, кажа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по одржувањето на Централниот одбор во Охрид.Невреме со дожд и град ја зафати Струмица.
Според најавите на УХМР, од денеска па во следниве неколку денови во попладневните часови во Македонија ќе има невреме попладне, проследено со силен дожд, ветар и грмежи. Деновиве дожд и град имаше и во Крива Паланка, каде имаше оштетувања на стаклата на автомобилите.
Силно невреме го погоди Кичево. Паѓало град со големина на орев, а врне и пороен дожд. Многу возила кои од Охрид преку Кичево се враќаат кон Скопје по продолжениот викенд се оневозможени да го продолжат патот.Обилни врнежи имало и во Пехчево.