19 Април, 2024
0.0289

ФОКУС НА ДЕНОТ: Прв случај на коронавирус во Македонија, власта повика на смиреност и почитување на препораките

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека пациентка има коронавирус. 

Таа е позитивна, се потврдило по тестирањето. 

Жената е сместена во оддел на изолација на Инфективната клиника. 

Филипче рече дека две недели е болна, а месец дена била во Италија. 

Министерот дека дека и луѓето кои патувале со неа ќе бидат тестирани и изолирани

Доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје изјави дека жената кај која е евидентиран коронавирусот е од Скопје. 

Тим со соодветна заштита ја посетил на Инфективната клиника. 

На сите кои доаѓаат од Италија ќе им бидат поставени неколку прашања на граница, по што ќе бидат во изолација. 

„Упатувам смирувачки тонови, едно лице не претставува ризик за нашето население“, вели Караџоски. 

Тој додаде дека не може да се спречи трансферот на луѓе, капитал, стока во вакви моменти. 

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека пациентот е третиран во согласност со сите мерки и протоколи

Жената е свесна, дише самата, вели доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје за жената која е заразена од коронавирусот. 

Вели дека таа влегла во земјата преку граничен премин Табановце

36 годишната жена која беше повредена при експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце, денеска починала

Првата снимка што ја донесе Милошоски, како и оваа вчера, се дадени на вештачење. Така што, го чекаме наодот на вештачењата. Обвинителката Вилма Русковска денеска вака одговори на новинарските прашања во врска со снимките кои пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски ги достави до неа, а за кои тои тврди дека се индиции за злоупотреба на службената должност на Заев.

Во 2018 година скопјанка има остварено највисок годишен бруто приход од 1.056.992.055 денари или околу 17 милиони евра. 

Според директорката нна УЈП, Сања Лукаревска, станува збор за госпоѓа од Скопје, која ја остварила и највисоката капитална добивка исплатена во последниве 10 години

И оваа година многу лошо им тргна на капиталните инвестиции, барем ако се суди според првиот месец. 

Во јануари годинава биле потрошени само 1,67 отсто од предвидените капитални расходи за цела година, говорат податоците на Министерството за финансии, што е исклучително малку ако се има предвид дека просечно месечно буџетските ставки би требало да се реализираат со по околу 8,3 проценти

Кумановските чевлари се загрижени затоа што коронавирусот се шири на италијанско тло, и велат дека каква било блокада на увозот или извозот ќе има штетни последици по нивното работење.

Една од најголемите странски инвестиции од времето на владеење на поранешниот премиер Никола Груевски, прилепски „Гентерм“, го промени својот официјален назив и во истиот го додаде новото уставно име на земјата. Според евиденцијата на „Фактор“, ова е единствен странски инвеститор до сега кој менува името според Преспанскиот договор.

Конкуренцијата во дејноста и намалените приходи се компензираат со маестрални финансиски вложувања. Хотелиерскиот гигант и во услови на остра и веројатно нелојална конкуренција успева да држи ниво и да остварува солидни профити за своите акционери и тоа во значајна мерка благодарејќи на менаџирањето со своите 22 милиони евра финансиски средства

Не престанува драмата со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Денеска во јавноста излегоа петте национални телевизии, кои ги обвинија кабелските оператори за ниско ниво на општествена одговорност, на што веднаш одговорија операторите, кои тврдат дека обвинувањата се неточни и тенденциозни, а сите договори за реемитување што тие ги имаат со странските радиодифузери содржат гаранции дека тие телевизии ги имаат регулирано авторските права за територијата на земјава

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните