25 Април, 2024
0.0292

ФОКУС НА ДЕНОТ: Рикер со пораки до власта и опозицијата, Фатиме може да ја замени Јанева?

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Времето на политички игри е поминато, порача в.д. помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер, на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Рикер по средбата изјави дека се надева дека ќе види позитивно придвижување, особено кога станува збор за законот за СЈО и Јавното обвинителство, бидејќи тоа е многу важно за ЕУ перспективите на земјата и отоворањето на преговорите.

„Но, на силите во оваа држава е да ја направат вистинската работа, да не играат игри и конструктивно да се придвижат заедно напред за иднината на земјата“, изјави Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД.

Треба да обезбедите истрагите да бидат транспарентни, бидејќи како што потенцира, граѓаните го почитуваат тоа. Треба да и се покаже на јавноста дека владеењето на правото е од клучно значење и никој не е над законот. Ова е дел од пораките кои денеска на заедничка прес конференција со премиерот Заев, в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер .

Тој кажа дека во САД со восхит се гледа на она што Македонија го направила.

-Преку Преспанскиот договор покажавте пример за храбри решенија на проблемите и способност за придвижување напред кон позитивна и светла иднина. Во тој дух земјата треба да продолжи, а опозицијата да се вклучи во процесите. Земјата треба да овозможи владеење на правото и да покаже дека никој не е над законот-кажа Рикер.

Фатиме Фетаи е предлогот на владиниот коалиционен партнер Алтернатива на Африм Гаши да застане на чело на новото Специјално јавно обвинителство од 15 септември. До сега познати се ставовите на премиерот Зоран Заев, кој бара нов лидер на ова обвинителство да биде Вилма Русковска од Јавното обвинителство за организиран криминал, на лретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски и на ДУИ, од каде велат дека за тоа треба уште од старт да одлучи Советот за јавни обвинители.

„Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја. Се надеваме дека и другите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и гарантираат на Северна Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за а долгоочекуваната евро-атлантска интеграција“, наведуваат од Алтернатива.

Белорусија ги демантира информациите кои вчера ги изнесе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и додаваат дека тој шири лажни вести. 

Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје и Амбасадата на Република Белорусија во Белград преку допис до медиумите ги демантираа информациите што ги изнесе пратеникот Милошоски на вчерашната собраниска седница за пратенички прашање и објавија дека тоа се лажни вести

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“