19 Април, 2024
0.0280

ФОКУС НА ДЕНОТ: Русковска ја затвори истрагата за „Рекет“, Јанева барала пари од резервниот фонд

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Главниот осомничен во аферата „Рекет“ Бојан Јовановски, денес реши со молчење да го помине исказот во скопското обвинителство за организиран криминал и корупција.

Јовановски, денес пред обвинителката Вилма Рускоска одби да се изјасни поради, како што соопшти неговата одбрана, немал увид во доказите против него.

Одбраната на Јовановски, и тој ќе имаат шанса од среда во 12 часот да го почнат прегледот и увидот во доказите кои ги поседува обвинителството, па потоа ќе даде свој исказ.

Адвокатот на Боки, Сашо Дуковски, изјави пред медиумите дека овој случај го воспоставил досега најнегативниот преседан во македонското правосудство, и дека ова е прв пат осомничен да биде повикан да даде исказ, а во истовреме и да биде известен дека истрагата е завршена.

Oд ОЈО преку соопштение информираа дека истрагата за „Рекет“ е завршена.

Во писмото кое Катица Јанева го испратила до Специјалното јавно обвинителство, а кое повторно е напишано рачно, според нашите извори, поранешната обвинителка освен што ги бара парите до резервниот фонд за да си ги плати тековните трошења поврзани со рочиштата, побарала и да и се дадат сите нејзини лични работи од канцеларијата. 

Обвинители за Фактор потврдуваат дека во канцеларијата таа има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти. Сепак останува нејасно како овие работи ќе се трансферираат кога, според информациите канцеларијата на Јанева е затворена. Од друга страна СЈО формално не постои, иако дел од обвинитите имаат задача да одат таму и да ги чуваат предметите. Според информациите оттаму, ако Вилма Рускоска, обвинителката која го води случајот „Рекет“ во кој Јанева е осомничена одлучи да и и ги даде работите на поранешната обвинителка, тоа ќе се направи по нејзин налог и под надзор.

Инаку резервниот фонд постоел, а  дел од обвинителите за Фактор велат дека секој месец давале по 3.000 денари и тие пари ги кристеле за свадби, погреби, за хуманитарни цели и по потреба на некој обвинител

Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“, денеска беше одведен во Јавното обвинителство за организиран криминал, но одби да даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска. Неговиот адвокат Сашо Дукоски за медиумите рече дека Боки 13 одбил да зборува затоа што претходно не ги видел доказите против него,а истрагата била завршена.

„Во истиот ден кога истрагата е завршена, од него се бара изјава како осомничен.  Осомничениот прво бара да биде запознаен за доказите против него. Човекпт не видел со какви докази располага Јавното обвинителство, а се бара од него да даде исказ. Нашата позиција е дека се работи за повреда на правото на одбрана. Официјално осомничениот Бојан Јовановски е повикан да даде исказ,. но подметнато му е известување за завршена истрага“, рече Дукоски.

Тој додаде дека од среда Јовановски ќе може да ги разгледа доказите кои ги има обвинителството против него.

Регистрирани се повеќе од 340 дополнителни земјотреси во Албанија за едно деноноќие. 

Голем број жители на градовите Тирана и Драч не се вратија во нивните домови, поради големиот број потреси кои уследија по најсилниот земјотрес од 5,8 степени во кој беа повредени над 100 лица, а стотина објекти се оштетени

Можеби ќе ве интересира

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата