20 Април, 2024
0.0476

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се бара чаре за пасошите, коментари за Маршот за правда

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши во редовна постапка само за граѓани на кои им е неопходен, односно критериумите за приоритет во наредниот период ќе бидат неодложно лекуваат во странство, бизнис-активности, на работници кои работат во странство, за професорите и експертите кои треба да учествуваат  ба меѓународни конгреси, студенти во странство и слично.

Ова МВР синоќа го расправало на итен состанокм бидејќи во моментов има петнаесетината илјади баратели, а на располагање има само четири илјади обрасци за пасоши.

Во моментов дневно има 700 барања за овој документ, а итната постапка за вадење патната исправа е во „мораториум“.

МВР очекува во март да добие 100.000 обрасци за патни исправи.

„Маршот слаб... Да се поништи! Утре нов, поголем! Кај е Талат да го поништи? Тој нели секако има право што никој не му го дал...“ - напиша на социјалната мрежа Твитер, пратеникот од опозициската ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, утре ќе оди кај обвинителката Вилма Русковска за да и ја покаже аудио бомбта која неодамна ја пушташе од собраниската говорница, а која, како што вели тој, упатува на сомнеж за нелегално финансирање на Меѓународниот сојуз од страна на СДСМ и лидерот Зоран Заев. 

Овој материјал, како што тврди пратеникот, тој го добил од свиркач.

На 10-тата редовна седница Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција рече дека дел од програмата „Повеќе за секого“ ќе биде поврзување на Скопје со Битола со автопат доколку најголемата опозициска партија дојде на власт по парламентарните избори на 12 април.

Развојниот пат на „Витаминка‟ АД - Прилеп, е импресивен исто колку и денешната улога што ја има на пазарот. Земајќи ги двата параметри предвид, целото постоење на „Витаминка‟ е обележано со растење и проширување од секој можен аспект

Новиот данок на моторни возила по се изгледа дека го спласна интересот за купување на половни автомобили. Таков заклучок би можел да се изведе доколку се погледнат бројките за увезени употребувани автомобили во јануари годинава

Во Македонија Вардарскиот регион е број еден кога е во прашање производството на грозје.

Ова го покажуваат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика. 48.6 отсто од производството на грозје отпаѓа на овој регион, а истиот има 11.230 лозови насади.

Томислав Тунтев својата прва година како директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, ја заврши без добивка на регулаторното тело за безбедноста во авионскиот сообраќај, покажува годишниот биланс

Трговијата на мало со моторни горива и мазива е бизнис во кој се прави приход и до десет милиони евра, а остануваат профити кои знаат да надминат половина милион евра

Во време кога главна тема на многумина е иселувањето на младите, имам чувство дека ретко кој зборува и посочува на еден друг феномен  - фактот дека, на нашата земја, можеби тивко но сигурно, и се случува старт ап и технолошка револуција.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители