19 Април, 2024
0.0284

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се бара одговорност за вандализмот на „Шверцери“ во МНТ, Пендаровски ја дообјаснуваше својата изјава

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Уште не стивнуваат реакциите за прославата на навивачката група „Шверцери“ во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот народен театар.

Станува збор за навивачка група на фудбалскиот клуб „Шкупи“, кој прослави 30 годишен јубилеј. Според дел од јавноста, тоа е необично место за прослава на навивачка група, па се поставуваат прашања зошто Министерството за култура не се спротивставило на ваквата намера

„Ние сме навивачи и навивањето е нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза“. 

Ова е ставот на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб Шкупи по инцидентот во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот народен театар.

Се додека нема говор на омраза, радоста ќе ја славиме како што сакаме. Ваков е ставот на министерот за образование Арбр Адеми, откако во петокот навивачката група Шверцери недолично го славела јубилејот на фубалскиот клуб Шкупи

Ако во театарот има штети, тие мора да се платат, вели премиерот Зоран Заев, за настанот во петокот во кој навивачката група Шверцери“ славеше годишнина на фудбалски клуб во Македонскиот народен театар, што се смета за недолично однесување

Претседателот Стево Пендаровски за  неговата изјава дадена во Нови Сад, дека и тој би се иселил ако не бил претседател, рече дека не зборувал ниту за ВМРO-ДПМНЕ, ниту за СДСМ, туку дека зборувал за изгубените европерспективи. 

Вели дека кога би бил млад човек, не би го потрошил животот во чекање. 

„Сите кои сме биле или сме сега на власт да му се извиниме на македонскиот народ“, вели Пендаровски, и рече дека сите имаат одговорност за иселувањето

Сите информации со кои располага Министерството за труд, ќе бидат доставени до истражните органи, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Случајот е под истрага. Сите документи и сознанија што ги има Министерството ќе ги достави до надлежните истражни институции за да не се нарушува редоследот на нештата. Не би можела да дадам детална изјава сега. Тоа е под истрага и ве молам да се обратите до истражните органи. Независно дали јас ја имам информацијата, важно е дека сите информации кои се за јавност треба да ги даде истражен орган кој е одговорен за целата постапка, а ние како одговорна институциија сите сознанија што ги имаме ќе ги предадеме во надлежните институции“, рече Царовска.

Зоран Заев, премиерот на Македонија, денеска застана во одбрана на специјалните јавни обвинители со став дека бонусите, вклучувајќи ги додатоците за доверливост кои ги зеле поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и останатите обвинители и сите вработени во Специјалното јавно обвинителство, затоа што тоа биле непотврдени бројки.

Венко Филипче, министерот за здравство, објави дека е обезбеден лекот Спинраза за малиот Јане Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија и кој во изминатот период е во центарот на вниманието во Европа, откако говореше на глобалниот самит на Обедитените нации во Њујорк за Светскиот ден на детето.

Во последно време се зголемува бројот на луѓе кои поради проблеми со дишните патишта, бегаат од загадените градови како Скопје, Куманово и месец дена или повеќе поминуваат во Берово на чист воздух.

Најголемата локално поседувана кочанска фирма лани остварила приход од 7,8 милиони евра, а од податоците со кои располагаме, уште шест кочански фирми лани оствариле приходи поголеми од 1 милион евра.

Каква урбанизација му треба на Маџир маало? Делот од Скопје кој е еден од најпознатите места, маало со традиција и со староседелци кои до денеска се жители на центарот на Скопје, набрзо ќе има нов лик. Ако се испочитува сега предвидениот Детален урбанистички план најголем дел или 60 отсто од тоа маало ќе биде деловен простор, помалиот дел ќе се згради.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?