29 Март, 2024
0.0267

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се истражува несреќата, повредените закрепнуваат, спречен напад на ИСИС

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Мобилниот телефон на возачот на „Дурмо Турс“ е предаден во Обвинителството.

Обвинителството денеска го доби на вештачење мобилниот телефон на возачот на автобусот на „Дурмо Турс“, кој е пуштен на домашно лекување. 

„Се испитуваат листинзите, кога последен пат разговарал по телефонот и дали користел интернет во работното време“, информираат од обвинителството.

Нов инцидент со автобус на Дурмо турс утрово во Гостивар,  но нема повредени, објави Сител. Патниците кои утрово се качиле на редовната линија за Скопје за кратко биле принудени да го напуштат автобусот. Поради паниката која се создала сите побегнале од возилото.  Трагите од кочење на булеварот Браќа Гиновски сведочат за инцидентот.

Абдулбахри Исмаили е првиот пациент кој даде изјава, по трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа 14 лица, објави ТВ 21. 

„Бев седнат напред во третиот ред и не сакам да зборувам за случувањето, затоа што имаше многу жртви. Многу брзо се случи сè, ме извадија откако веќе автобусот беше долу ми, се јавија по телефон, како си, се случило несреќа? А мене ми беше чудно како толку брзо дознале. Жителите ми го спасија животот, тие ми помогнаа“, истакна Исмаили за ТВ 21.

Петмина патници на скопските клчиники уште се борат за живот.

Во моментов деветнаесет годишно девојче се наоѓа во операциона сала и е еден од најкритичните пациенти по кобната несреќа кај село Ласкарци.

Министерството за внатрешни работи по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот. 

„Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување. По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад“, информира полицијата

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите