20 Јануари, 2020
0.0273

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се појавија нови снимки за „Рекет“, во Пробиштип се отвори фабрика

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2019

Преку Јутјуб денеска во јавноста се пласирани нови аудио снимки наводно поврзани со судскиот процес „Рекет“.

Во дел од снимките може да се чуе машки глас кој кажува дека торбата со парите не завршила кај Заев. Истиот глас открива дека познатата Луј Витон чанта била носена и надвор од земјава, но и дека истата била со џи-пи-ес.

Овој пат во аудио снимките се спомнува и името на обвнителката Русковска.

Во една од шестте аудио снимки објавени денеска се зборува следново:

„Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“.

Дали овие снимки ќе го откријат патот по кој се движела чантата Луј Витон со парите останува надлежните да истражат.

Почна со работа новата фабрика во Пробиштип, инвестиција вредна 17 милиони евра. Станува збор за леарница на железо, која по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија треба да изработува делови за автомобилската индустрија. 

„Кранфилд Фаундри“ во оваа почетна фаза има 58 вработени, а со проширување на инвестицијата во наредниот период се очекува бројот на вработени да изнесува околу 300.

Околу 50 работни места се резервирани за лица со високо образование.

Од менаџментот на компанијата велат дека следната инвестициска фаза ќе овозможи производство на делови за автомобилската индустрија.

Премиерот Зоран Заев нагласи дека оваа инвестиција е заедничко дело на двете влади, претходната и сегашната.

ДУИ знаеле дека цел закон е испратен во Венецијанска комисија, вели премиерот Зоран Заев. 

„Можеби Артан Груби не знаел, но владините коалициони партнери од ДУИ знаеле дека целиот Закон за јазици ќе биде испратен на разгледување во Венецијанската комисија“, вели Заев. 

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби синоќа изјави дека очекувале само два члена од законот да се испратат во Венеција

Девет држави од ЕУ излегоа со „нон пејпер” за забрзана евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. 

Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Литванија, Летонија, Малта и Полска доставија во Брисел свој предлог за „унапредување на процесот и одржлива и забрзана интеграција на Западен Балкан”.

Координатор на инспекцијата на УЈП за големи даночни обврзници денеска пред медиумите брифираше дека ВМРО-ДПМНЕ не платила 22.852.816 денари кон фирмата „Полиестердеј“, која пак рекламниот материјал за последната изборна кампања го набавувал од фирмата „Монт“.

Во меѓувреме сметките се затворени, бидејќи тие траат само 60 дена, според изборниот законик.

Ќе се обезбеди ли без проблем двотретинско мнозинство за Законот за одбрана кој денеска е ставен на собраниска седница? Според последните информации, можно е ВМРО-ДПМНЕ да се воздржи од поддршка со што, се очекува, законот да не се донесе брзо, како што очекуваат од Владата

Зголемувањето на пензиите што Владата го најави за идната година, може да ја поткопа долгорочната одржливост на пензискиот систем, смета Светска банка, еден од најзначајните ментори и финансиери на земјава, преку кој беа спроведени голем број значајни реформи.

Во 2020 година да се посети Македонија, а при тоа никако да не се заобиколи Охрид. Познат француски магазин за туризам изминативе месеци ги советуваше своите читатели да ја посетата нашата земја

Прилеп има 25 фирми кои лани направиле приход поголем од 2 милиони евра, а 8 меѓу нив, безмалку една третина, се компании кои имале приходи поголеми од 10 милиони евра. Клучни генератори на прилепската економија се домашно поседуваните гиганти „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“ заедно со странските компании „Гентерм“, „Мермерен комбинат“ и „Комфи-Ангел“. Прилеп и покрај бурната транзиција останува град со силна индустрија

Можеби ќе ве интересира

Блацион: JO Бургас соопшти дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад

Блацион: JO Бургас соопшти дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад

Две лица се степале во партиски штаб во Кисела Вода

Две лица се степале во партиски штаб во Кисела Вода

ОБЈАВА НА ПРОФИЛОТ НА 1ТВ: Jавност ќе биде изнeнадена од позадината и вистината за „Рекет“

ОБЈАВА НА ПРОФИЛОТ НА 1ТВ: Jавност ќе биде изнeнадена од позадината и вистината за „Рекет“

Командир од Полициска станица во Гази Баба сексуално вознемирувал полициска службеничка

Командир од Полициска станица во Гази Баба сексуално вознемирувал полициска службеничка

Триесет и тригодишник загинал откако автомобилот во кој се возел излетал од коловозот

Триесет и тригодишник загинал откако автомобилот во кој се возел излетал од коловозот

Одложени „ТНТ“, „Тендери“ и „Рекет“

Одложени „ТНТ“, „Тендери“ и „Рекет“

Заев ги договара, ама сакал и да ги растовари осуммината независни пратеници

Заев ги договара, ама сакал и да ги растовари осуммината независни пратеници

БУГАРСКО ОБВИНИТЕЛСТВО - отпадот не бил опасен, но имало железо, хартија и текстил

БУГАРСКО ОБВИНИТЕЛСТВО - отпадот не бил опасен, но имало железо, хартија и текстил

Се разболеа адвокатите на Катица Јанева

Се разболеа адвокатите на Катица Јанева