23 Април, 2024
0.0272

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се празнува Водици, упатени пораки за сплотеност, се средува куќата на Атиџе во Дорфулија

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска е Богојавление (Водици).

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова која досега живееше во селото Бекирлија, ќе живее во куќа во селото Дорфулија, каде има роднини. 

Куќата е купена за Атиџе, и во неа ќе има нормални услови за живот

Петар Рупески(30) од Варош го фати Светиот крст во Охрид. 

Ова му е петти пат, а прв пат крстот го фатил во 2005 година. 

Осветувањето на водите на Охридското Езеро кое го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија го следеа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија

25-годишниот Христијан Врапчески oд Кичево го фати крстот од осветените води во базенот на поранешниот Дом на АРМ.

Дваесетина луѓе се фрлија по крстот, а од осветените води него го извади Врапчески.

Од  Општина Кичево Врапчески доби златен крст како подарок.

Триесет и двегодишниот кумановец Дејан Цветановски го извади светиот крст од осветените води во мини базенот на соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово. 

26-годишниот Филип Стојановски беше најсреќниот кој го фати Светиот Крст денеска во Прилеп. Филип по осми пат скока по крстот, а втор пат успева да биде најбрз.

На традиционалното скокање по крстот, во Дебар најсреќен беше Бранко Силјановски, ученик во втора година во дебарската гимназија.

Триесет и деветгодишниот Горан Јосифовски-Џемо го фати осветениот крст на празнувањето на денешниот празник Богојавление Водици во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово. 

Светиот крст што во водите на Вардар беше положен во Гостивар, на големиот христијански празник Богојавление Водици, годинава го фати Благојче Велјаноски. 

17 годишниот Петар Атанасовски од Битола го фати светиот крст во осветените води во базенот на соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“. 

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Кочани, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Поздравувајќи ги присутните граѓани премиерот Спасовски упати честититки до православните верници во земјата, до Светиот Архиерејски синод, и до неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан, како и до свештенството и монаштвото во Република Северна Македонија.

„Денеска е денот, кога сите ние треба да се очистиме од гревовите и кога водите во нашата земја се преобразуваат во Свети води и на тој начин потсетуваат на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан“, истакна премиерот Спасовски.

Во своето обраќање, премиерот Спасовски оцени дека денешниот празник е ден на љубовта, слогата, заедништвото и потсетува дека сите ние треба да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост, смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план.

Земјотрес со јачина од 4.4 степени ја погоди Албанија, a почуствуван e и во Македонија, Косово и Србија. 

Епицентарот бил во Кукс, во длабочина од десет километри.

Во земјава се стресоа Маврово, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово

26-годишниот Кристијан Ниноски го извади крстот од водите на Вардар во Скопје

Можеби ќе ве интересира

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии