24 Април, 2024
0.0278

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се слави Денот на македонската револуционерна борба, лидерите почнаа со предизборна реторика

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Националниот празник Денот на македонската револуционерна борба, или популарно Денот на ВМРО, се одбележува денеска како неработен ден.

На денешен датум во 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО).

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, упати честитка по повод националниот празник Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври.

„Почитувани сограѓани, Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, е празнување на идејата за самостојна и независна Македонија. Овој ден претставува завет на македонските револуционери, предвесник на Македонската Револуционерна Организација, симбол на непокор, патриотизам и правда.

Шефот на македонската Влада, Зоран Заев, денеска пред новинарите рече дека на крајот на декември ќе биде одлучено кој ќе биде техничкиот премиер кој ќе го замени до предвремените парламентарни избори во април следната година.

- Техничкиот премиер ќе биде познат во декември, по консултациите во самиот СДСМ и со коалициските партнери. Доколку формираме нова Влада, јас ќе продолжам да бидам премиер, тоа е веќе познато, бидејќи јас ќе ја водам изборната кампања, рече премиерот Заев денеска во Бунарџик.

Toj го потврди ставот на поранешниот грчки вицепремиер Евангелос Венизелос дека реализацијата на Преспанскиот договор е врзано со интеграцијата на Македонија во ЕУ и дека внатрешната употреба на името, односно „Ерга Омнес“, зависи од тоа дали земјата ќе започне преговори со ЕУ.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во денешниот говор во Прилеп најави дека доколку неговата партија успее да дојде на власт по предвремените парламентарни избори во април ќе биде испитано потеклото на имот на сите политичари.

- ВМРО-ДПМНЕ ја запали машината и ќе ја донесе победата. Ќе покажеме како одговорно се владее. Јас не влегов во политиката за корист, за кауза и за идеал. Мојата цел е успехот. Вие сте нашата сила, а силата ја прават сплотени луѓе. Ќе победиме заедно со срца кои чукаат како едно. Кажете по улиците и маалата дека обновата доаѓа, рече Мицкоски пред прилепчани.

ВМРО-ДПМНЕ во салата „Марко Цепенков“ го прославуваше националниот празник, а Мицкоски им се обрати на кандидатите кои ќе ја застапуваат ВМРО-ДПМНЕ на следните избори и порача дека ќе бара отчетност и одговорност и од нив. Додаде и дека Зоран Заев ќе „падне“ затоа што тргувал со свети работи, а за возврат не добил нешто.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани