19 Април, 2024
0.0394

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се сумираат впечатоците од лидерската, попис ќе нема во април

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Партиите се согласија дека напролет ќе има предвремено изборно соочување. Партиските машинерии кои ќе работат на придобивање на гласачите веќе се впрегнати, се очекува во наредниот период само да го засилат темпото. 

Пред нас ќе биде долг период исполнет со жестоки партиски меѓусебни обвинувања, кампањи, митинзи... Реформите најверојатно нема да бидат приоритет, но затоа нема да недостигаат мерки привлечни за широкото граѓанство, за воља на вистината, ветени и пред да биде извесно дека изборите напролет ќе бидат реалност

Франција и некои други земји проширувањето на Европската унија го гледаат како товар, а не како приоритет, вели пратеникот Антонијо Милошоски за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, откако Македонија извиси во надежите дека ќе ги отпочне преговорите.

„Да се потпише спогодба од суштинско значење, а без притоа да се бараат силни гаранции е како да се согласите да ви ја ампутираат ногата без претходно да побарате второ и трето мислење од други лекари. Доколку се направи таква грешка, ногата ќе ја изгубите без разлика колку долго и гласно ќе плачете по нејзе. За жал, нашата Влада направи токму таква грешка.

Апостол Симовски, директорот на Заводот за статистика, денеска на прес-конференција истакна дека пописот на населението нема да се одржи во април до година, како што до сега се планираше, поради новонастанатата ситуација со договорот на политичарите истиот месец да се одржат вонредни парламентарни избори.

- Април е непогоден. Можноста за попис пред изборите технички е невозможно. Се работи за гломазна организација која не може да се спроведе по април. Не може да одговориме кога ќе се спроведе, тоа е одлука на парламентот, тој треба да одлучи Не може да влијаеме на ваквите одлуки, тие се легитимни, коректни И ние бевме затекнати вчера со решението. Пописот секако ќе мора да се спроведе. Не сум чул дека некој има намера тој да не се спроведува, рече Симовски.

Тој додаде дека најсоодветни месеци за попис остануваат март или октомври, кога најмала е мобилноста на населението, но дека не би сакал операцијата да се развлече до 2021. Симовски рече дека во меѓувреме имало 23 барања од опозицијата, но поголемиот дел од нив не биле прифатливи за Заводот за статистика како спроведувач на операцијата.

Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември, вели италијанскиот премиер, Џузепе Конте. 

Тој додаде дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги отпочне преговорите за проширување на блокот кој ги вклучува Албанија и Севена Македонија, откако ЕУ ги блокираше преговорите со овие две земји.

Конте рече дека одлуката на лидерите на ЕУ на самитот во петокот да не им доволат на двете земји да отпочнат претпристапни преговори е историска грешка.

Интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред амбасадата на Франција во Софија,  за да го изразат своето несогласување со одлуката на претседателот Емануел Макрон да го блокира почетокот на пристапните преговори за Македонија. 

Во писмо до Макрон организаторите  го повикуваат францускиот претседател да не дозволува „Република Северна Македонија да биде втурната во политички хаос”. 

Претставник на француската амбасада го примил писмото од граѓаните кои протестираа и со кое се повикува Макрон да ја смени одлуката и да не јастава под ризик иднината и на Балканот и на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени