18 Април, 2024
0.0269

ФОКУС НА ДЕНОТ: Сите пишуваат за Северна Македонија, Заев чека „Да“ од Грците, Мицкоски бара избори

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Медиумите во регионот и светот пишуваат за нашата земја која го смени името во Република Северна Македонија, во согласност со Договорот од Преспа. 

Француските медиуми пишуваат за дадената согласност на македонскиот Парламент за промена на Уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија, јавува дописникот на МИА.

Парискиот весник „Ле Монд“ пишува дека процесот за историскиот договор склучен во јуни меѓу Скопје и Атина беше „долг и полн со пречки“. По одлуката на македонскиот Парламент, сега Атина е таа која треба да го исполни својот дел од договорот, за да се стави крај на спорот стар триесет години. 

Според „Ле Монд“ гласањето во грчкиот парламент се очекува до крајот на месецот и тоа е неизвесно.

Овие денови, потенцираше македонскиот премиер, Зоран Заев, заедно со нашиот пријател Грција ќе ги отфрлиме изолацијата и недоразбирањата и заеднички ќе го потврдиме историскиото решение. 

„Убеден сум дека  и пратениците во грчкиот Парламент ќе ја препознаат и нивната голема улога во овој историски момент. Силно верувам дека нашиот пријател Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа и ќе биде првата земја која ќе го потпише протоколот од НАТО, а потоа ќе ги поведе останатите земји членки на Алијансата за да бидеме 30. земја членка на НАТО“, вели Заев.

Тој се заблагодари на секој пратеник за, како што рече, оваа голема и одговорна одлука.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара уште во понеделник Собранието да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. 

Мицковски му порача на премиерот да не се крие зад партиското раководство затоа што има доволно време викендов да донесат одлука во СДСМ.

Тој вели дека со промената на името, Владата докажала  дека не знае  и не умее да владее.

До крајот на месецот Заев очекува влез на германска инвестиција во земјава. Меѓутоа, тој откри и дека Македонија лобира за влез на голема инвестиција во државата, за која што како рече се бара локација во регионот.

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири е кандидатот на власта за претседател. Оваа информација ја објавија албанските медиуми.
Против Договорот од Преспа и „за да се спречи предавство на Македонија“ т.н. „Комитет за борба за Македонија“, за следната недела, на 20. јануари закажа протест на атинскиот плоштад Синтагма, јави дописничката на МИА од Атина. Одново формираниот „Комитет за борба за Македонија“, кој го сочинуваат четири организации од кои две се на Грците од дијаспората.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?