28 Март, 2024
0.0285

ФОКУС НА ДЕНОТ: СЈО подготвено да ги предаде предметите, општа тепачка имало во Градска болница

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

СЈО е подготвено да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази . За ова преку соопштение известија од институцијата која произлезе од Пржинскиот договор.

Имено од СЈО наведуваат дека до скопското обвинителство доставиле известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази.

Oд друга страна вработените во СЈО со писмо до Заев побарале спас за работните места.

СЈО сè уште постои, сè уште функционираме, по законот за СЈО до септември 2020 постои, така што верувам дека ќе најдат начин, јас сè уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, изјави денеска обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска.

Идните денови се очекува специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева која е во притвор за случајот „Рекет“, да биде разрешена. 

Спикерот Талат Џафери, изјави дека денеска или утре ќе биде закажана итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на специјалната јавна обвинителка Јанева. 

„Во секој случај нема да биде на 15 ти. Или утре или сабота. Во последен ден да се одржи седница нема ни смисла ни потреба“, изјави Џафери

Досега  седницата досега не била закажана, затоа што се чекало на исходот од лидерската средба која заврши без договор за новиот Закон за јавно обвинителство.

Од ВМРО ДПМНЕ бараат Јанева веднаш да се разреши, за да може до 15 ти да се избере нов специјален обвинител.

Здравствените работници ќе протестираат oткако во последниот период имаше неколку напади, и тоа во Тетово, Драчево и денеска во Градската болница во Скопје. 

Тие се загрижени за својата безбедност. Под паролата „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите!“, здравствените работници најавија протест кој ќе се одржи в среда на 18 септември, со почеток во 11 часот. Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ, која стои зад протестниот собир велат дека ќе бараат итно донесување на закон за докторска дејност, законско изедначување на напад на медицинар со напад на полицаец и итно и сериозно организирање на служби за обезбедување во секој здравствен објект.

Бараат заштита или ќе престанат со работа. Во Градската болница имало масовна тепачка.

Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО на седница на која присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев, кој истовремено денеска е во Прага на Самитот на Вишеградската група и Западен Балкан.

Како што пренесува чешки „Иднес“, шефот на македонската влада имал што да слушне од чешките пратеници, односно од тоа дека Македонија не е способна политички и воено за прием во НАТО, до тоа дека Светите браќа Кирил и Методиј ги описмениле Чесите како словенски народ па затоа требало да ни возвратат со благодарност. На крајот, 124 од 148 присутни пратеници гласаа во прилог на Македонија и Заев можеше да се радува.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека премиерот Зоран Заев најавил дека за десетина дена специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор.

Милошоски обвинува дека власта ќе направи се случајот „Рекет“ да не отиде во рацете на независен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6