20 Април, 2024
0.0277

ФОКУС НА ДЕНОТ: Случајот „Рекет“ ја тресе Македонија, се огласија партиите

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Обвинителката oд Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова на денешната прес - конференција, ги отфрли информациите дека имало претрес во нејзиниот дом, додавајќи дека не стравува за својата иднина.

„Не е точно дека имало претрес во мојот дом. Не стравувам за својата иднина и нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали Јанева треба да стравува“, изјави Стефанова.

Специјалната јавна обвинителката Катица Јанева вчера поднесе оставка, а се појавија и информации дека полицијата вршела претрес и во домот на Стефанова.

Стефанова во изјава за медиумите рече дека нема потпишано ниту една одлука за пуштање од притвор за осомничено лице, ниту пак за враќање на патните исправи.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека главниот нарачател кој давал одредени инструкции во случајот „Рекет“, според него е дел од владејачка партија.

Милошоски вели дека СЈО наместо да биде контролор излегол надвор од своите надлежности и „станал партнер во криминални дела и корупција“.

Милошоски, кој е дел од работната група на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство со кој што треба да биде опфатен статусот на СЈО, изјави дека на актуелни министри во Владата им кажувале за одредени сознанија за незаконитости и пречекорувања на овластувањата во работата на СЈО.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мискоски потенцираше дека Специјалното Јавно Обвинителство е минато завршено време за неговата партија.

Тој побара притвор за Катица Јанева и за сите други лица вмешани во како што истакна тој криминалниот октопод, поврзан со вчерашниот театар, со приведувањето на двајца за рекет.

Обвинителката Вилма Рускоска вечерва во интервју за Телевизија 24, потврди дека имало одлука за претрес кај обвинител, и дека се одземени еден, а се барале два мобилни телефони. Исто така потврди дека имало поврзаност помеѓу првоосомничениот и јавен обвинител.

„Точно е дека имаше одлука за претрес кај обвинител, но само да се пронајде мобилен телефон. Се бараа два, а одземен е само еден телефон. Постои поврзаност помеѓу првоосомничениот и јавниот обвинител“, изјави Рускоска.

Случаите мора да се истераат до крај во интерес на граѓаните и државата, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Вели дека државата изгради институции и систем што се бори против корупцијата и криминалот.

Рече дека СДСМ ќе направи сè правдата да биде задоволена. Во однос на двајцата пратеници за кои во јавноста се зборува дека се дел од рекарскиот скандал, Костадинов вели дека доколку во транспарентна постапка се докаже дека се огрешиле, СДСМ ќе преземе мерки согласно партискиот статут.

Јавното обвинителството да каже дали специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е вмешана во случајот со Бојан Јовановски-Боки 13 за изнудување пари, побара премиерот Зоран Заев. Тој попладнево во интервју за МИА изјави дека токму овој случај покажал дека институциите во земјава работат слободно, без притисоци и влијанија како што било во времето на претходната власт.

Се уште немаме информации дека лидерот на Специјалното јавно обвинителство (Катица Јанева) е опфатена со истрагата на ОЈО во случајот „Рекет“ и сите случаи да се расчистат, што е и во наш интерес, рече специјалната обвинителка Ленче Ристовска на денешниот брифинг со новинарите.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан