25 Април, 2024
0.0310

ФОКУС НА ДЕНОТ: Стоп за присилно извршување кај загрозени граѓани, Дудуш призна вина

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Дали ќе се надминат долгогодишните проблеми кои ги имаа граѓани како должници без притоа да се генерираат нивни нови егзистенцијални проблеми, што и позитивно ќе се одрази врз општеството, ќе покаже времето.

Откако Владата предложи измени во Законот за извршување, по скратена постапка тие се усвоени.

За ова информираше претставникот, предлагач на измените во законот, министерката за правда Рената Дескоска.

Министерката соопшти дека со овие законски измени од присилно извршување целосно се изземаат примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош  од социјалната заштита,  примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност  на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица. Ова всушност е и член 1 од предлог законот.

Курто Дудуш, градоначалникот на Општина Шуто Оризари од редовите на СДСМ денеска призна дека е виновен за физичкиот напад над иселеникот Демир Исмаил, и рече дека жали за стореното. Судијата Ѓоко Ристов му изрече казна "судска опомена" на тужениот. 

Оштетениот Исмаил рече дека ќе бара оштета од Дудуш и дека добиените пари ќе ги донира во хуманитарни цели.  Претходно, Исмаил рече дека како причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

Полицијата го уапси Емил Јакимовски кој се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Корошевовска, пренесува А1.он. Апсењето се случува по многуте пријави против лицето за семејно насилство, но и по последните закани кон новинарките Мери Јордановска од „А1он“ и Искра Коровешовска од „ТВ Алфа“ кои го пријавија Јакимовски дека им се заканувал и ги навредувал преку социјалните мрежи.

Тој претходно е избркан од Централниот регистар, каде работел како помошник раководител на сектор

Германската канцеларка Ангела Меркел изразила надеж дека Македонија и Албанија ќе добијат датум за пристапни преговори со ЕУ на самитот во Загреб во мај.

Меркел, како што пренесоа дел од медиумите , тоа го истакнала на билатералната средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија земја во прво полугодие претседава со Советот на ЕУ.

Да снимиме филм за Боки 13 и Ката како после прославите на 1ТВ каде присуствуваше цела Влада ги апсеа за рекет, вели екс министерката за култура Ганка Самоиловска – Цветанова

По вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров, уште еднаш потврдуваме дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

Во текот на истрагата е утврдено дека со грабежот се одземени 8.700 евра.

Секој петок да се биде на работа до 13 часот. Oва е предлог на ДУИ со кој се бара во петоците да се работи со скратено работно време

Почетокот на изградбата на новата пруга од Бељаковце до Крива Паланка е внесен во бизнис планот за Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура за 2020, а неофицијално реализацијата на проектот треба да започне на крајот од годината

Во фокусот на нашето работење се клиентите, сакаме да ја обезбедиме нивната сигурност и задоволство. Убеден сум дека и натаму ќе ја задржиме цврстата лидерска позиција на пазарот на неживотно осигурување. Тоа се постигнува ако ги одржувате ветувањата што сте им ги дале на клиентите. Ова во интервју за Фактор го нагласува Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Oсигурување

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг