29 Март, 2024
0.0304

ФОКУС НА ДЕНОТ: Странски медиуми анализираат што по француското „не“, Јанева останува во Шутка

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Српскиот весник „Данас“ во анализата за влијанието на француската блокада на Северна Македонија, врз проевропските сили во Србија, констатира дека стопирањето на напредокот на Северна Македонија и Албанија во европските интеграции може да биде обесхрабрувачки за српските граѓани. 

Сепак, тоа но не би смеело да биде и за проевропските политичари во Србија, пишува весникот.

Во оваа ситуација потребно е редефинирање на односите со администрацијата во Брисел и политичките чинители, но ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определба на Србија, оценија соговорниците на Данас.

Професорот на Филозовскиот факултет во Белград и основач на новиот политички клуб „Глас“, Никола Самарџиќ, оцени дека ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определбата на Србија.

Според Фајненшл Тајмс, „црни“ денови би можеле да следат доколку се промени власта во Северна Македонија.

По евентуалната промена на власт во Северна Македонија и можното доаѓање на националистите кои се спротивставија на Договорот со Грција за промена на името, Балканот може повторно да зачекори во црни денови, прогнозира британскиот весник Фајненшл тајмс во новата ананализа за случувањата после Брисел.

„Ветото на Емануел Макрон за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за пристапување во ЕУ може да биде запаметен како историска грешка, која ќе ја ослабне Европа и која ги поткопува нејзините амбиции да стане геополитичка сила“, стои во написот.

Авторот пишува дека Макрон со својата блокада ја торпедирал политиката на проширување на ЕУ и дека ја лишил од еден од најголемите инструменти за надворешна политика. На овој начин, посочува авторот, Макрон може да предизвика дестабилизација во балканскиот двор на Европа.

-Не е целосно јасно што ги мотивирало Франција и Макрон да ја одбијат Македонија и Албанија во проширувањето на Европската унија на последниот самит- истакнува Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац.

„Мислам дека тоа е елитен скептицизам во Франција во врска со проширувањето, губење на моќта во ЕУ и фрустрација поради тоа што францускиот кандидат за Европската комисија не е потврден на расправите во Европскиот парламент“, посочил Бибер во интервју за емисијата 360 степени.

Тој оценил дека во моментов има чувство на фрустрација околу ЕУ и затоа смета дека Макрон се свртел против двете земји - Северна Македонија и Албанија

Се зголемиле платите во Македонија, покажуваат статистиките. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари.

Бруто-платата изнесува 37.322 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната нето-плата во август пораснала за 3,8 проценти во однос на истиот месец лани.

Кривичниот суд одлучи, шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кои се осомничени во случајот „Рекет“, остануваат во притвор. 

Од Судот информираат дека се одбива како неосновано барањето да и се укине притворот на Јанева со давање гаранција или заменување со мерки за претпазливост

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница