28 Март, 2024
0.0278

ФОКУС НА ДЕНОТ: Teнзии во СЈО, поставени табли на дел од спомениците на плоштадот во Скопје

Објавено во: Македонија 15 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување, изјавила за Телма телефонски обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи, која по враќање од пауза била сопрена од полицаец на влезот во Специјалното обвинителство за да и ја претресе торбата.

„Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО“, вели Фетаи за Телма.

Дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“ денеска добија табли со објаснување.

Во центарот на Скопје, на плоштад Македонија се поставени нови табли под фигурите на Воинот на коњ, како и под споменикот на Олимпија и Филип Втори.

Таблите се со појаснителни реченици на кои пишува  од каде потекнуваат спомениците.

Притвор доби осомничениот за убиството во Ново Лисиче.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

„Имено, осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал. Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, соопштуваат надлежните. 

Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска ги повикува надлежните институции сериозно да работат на превенцијата на вакви дела, а сторителот соодветно да се казни. 

Томор Морина од Македонија, денеска се врати во Косово по одлуката на Врховниот суд кој одлучи дека нема основа да и биде испорачан на Србија, која по него издаден меѓународна потерница.

Морина, како што пренесоа медиумите од Приштина, во родната Ѓаковица е дочекан како херој.

Со тарабуки и тапани, Морина е пречена од голем број луѓе, а го придружувале претставници на косовската амбасада од Скопје, семејството и пријателите>

Да потсетиме дека судот во Македонија ја потврди одлуката на Кривичниот суд дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина на Србија.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија