25 Април, 2024
0.0319

ФОКУС НА ДЕНОТ: Вакцинален скандал, жешко пред и во Собрание, пратеничка оставка

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Инспекторите на терен. Исплаќаат ли газдите к-15? Царовска ги испрати да проверат.

Инспектори упаднаа во фабрики за неисплатен К-15

Скандал врз скандал во здравството. Кој ги примил вакцините во здравствените институции ќе се дознае од истрагата. Вака барем убедуваат надлежните а министерот за здравство убедува дека одговорност ќе има.

Како се случил пропустот со лепење на погрешни декларации на дел од вакцините ќе дојдат да видат и претставници од белгиската фирма која ги проиѕведува МРП вакцините.

Скандали пак ја тресат и Јавната здравствена установа Институтот за трансфузиона медицина која нема правилен систем за документирање и контрола на приемот обработката и издавањето на крвта која е собрана преку крводарителски акции, констатирал Државниот завод за ревизија.

 Во извештајот за оваа јавна здравствена установа ревизорите утврдиле скандалозни сознанија за начинот на кој се чува даруваната крв. Поради тоа, стои во извештајот, се елиминира значително количество на крв и крвни деривати.


Власта се пребројува пред клучното гласање за уставните измени а мнозинство уште нема. И додека власта се уште преговара ѕа мнозинство опозицијата не беше дел од деншната седница за уставни измени. 

По експозето на премиерот, нова седница за уставните измени ќе има утре . 

Нов обид за упад во Собранието имало вечерва пренесуваат дел од медиумите при што се приведени две лица кои наводно се обиделе да ја прескокнат оградат пред Парламентот и да влезат во Законодавниот дом. Протести ќе има и утре.

Од гласањето за уставни измени се спаси пратеникот Томислав  Тунтев кој поднесе оставка. Причината е новата функција на Тунтев а досегашниот пратеник од СДСМ ќе директорува со Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. 

Колку Тунтев ќе биде во плус со новата функција читајте детално овде.

Еуростандард банка е во преговори за продажба на капиталот на бугарски финансиски инвеститор, дознава Фактор од извори од банката.

Преговорите се воделе интензивно и се тврди дека зделката е пред крај. За да се реализира треба одобрување и од Народната банка. 

Акциите на Нова Осигурување АД Скопје се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок трансакции, објави Македонската берза.  Во двата блока практично е продаден целиот капитал на осигурителната компанија, што значи дека купувачот сега поседува 100 отсто од Нова осигурување АД. Според нашите информации, кои неофицијано и се потврдени, купувач е Халк банка.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг