19 Април, 2024
0.0261

ФОКУС НА ДЕНОТ: Верушевски да појасни што мислел за „бомбите“, Боки 13 скоро 4 часа ги гледал доказите

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Oбвинителката Фатиме Фетаи е категорична дека „бомбите“ се автентични и било какви сведочења од тој аспект  не можат да влијаат врз доказите и понатамошниот тек на предметите.

Таа бара поранешниот разузнавач Зоран Верушевски да даде толкување на својот исказ дека материјалите претрпеле одредена модификација. 

Верушевски рече дека „бомбите“ завршувале во СДСМ, а не лично кај него.

Верушевски во сведочењето пред два дена кажа дека до неговото апсење го знаел точниот обем на документацијата, но потоа немал контрола.

На Боки 13 не му го дале исказот од Зоки Кичеец.

„Меѓу доказите се и снимките кои ги виде јавноста. Денеска беше неопходно да дојде Јовановски, а сметам дека и на другите увиди ќе дојде. Дали ќе има истрага за Меѓународен сојуз или за други лица, тоа е одлука на обвинителот“, изјави Сашо Дуковски, адвокатот на осомничениот во “Рекет”, Бојан Јовановски.

Скоро 4 часа Боки 13 ги гледаше доказите за случајот „Рекет“.

Од вчера Кичеец е во домашен притвор. 

Истрагата на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција ја заврпи истрагат за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски и јавноста го очекува обвинението, а потоа и почетокот на судскиот процес. 

Одбраната на првоосомничениот Јовановски има рок од 15 дена да направи увид, односно да ги види сите докази што ги има Обвинителството против него, па потоа да се договори нов термин кога да даде исказ. Одбраната на Боки 13 од денес започнува да прави увид во доказите додека оттаму најавуваат дека и тие ќе предложат докази, додека застапниците на поранешната специјална обвинителка Јанева ова го најавија за утре.

Канал 5 објави „бомба“ за работата на СЈО.

Во СЈО со години со дозвола на шефицата Катица Јанева, се работело речиси без да се запазат безбедносните протоколи, тврдат за Канал 5 извори во институцијата.

Според безбедносниот правилник на СЈО, секој обвинител или истражител, кој имал потреба да подигне одреден доказ, пишан или особено аудио доказ од т.н. бомба, задолжително морал да пополни и архивира формулар на кој ќе биде назначено името на лицето кое го подига доказот, како и денот и часот на ова дејание, но имало многу случаи во кои ова не се почитувало.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?