24 Април, 2024
0.0272

ФОКУС НА ДЕНОТ: Власта во борба со лажни вести, назначен обвинител за „Триста“

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Стевче Донев ќе продолжува да го застапува предметот „Триста“, односно истиот кој му беше доделен од СЈО, а сега од редовното Јавно обвинителство, објави Фокус. Со тоа продолжува низата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги овластува обвинителите кои ги воделе случаите на СЈО, иако мандатот на специјалното обвинителство заврши.

Донев ќе биде застапник на утрешнотозакажано рочиште во кое обвинет е Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во МВР., за набавка на 300 возила со произволно доделување на тендерот на економските оператори.

Македонскиот премиер Зоран Заев наводната информација дека бугарски кран влегол во Македонија со цел да го крене споменикот „Воинот на коњ“ од скопскиот плоштад била најбизарна лажна вест во перидот на спроведување на Преспанскиот договор. Ова шефот на македонската Влада го нагласи на конститутивниот состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата, на кој присуствуваа и македонскиот претседател Стево Пендаровски и собранискиот спикер Талат Џафери.

Ленче Ристоска денеска како делегиран обвинител од Јавното обвинителство продолжи да го застапува судскиот процес во случајот на сега веќе поранешното СЈО познат како „Талир 2“. Претпладнево на рочиштето таа за прв пат се појави во судот без придружба на стручен соработник и без возило на СЈО.  За медиумите не сакаше да даде изјава.

По овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој почна да  ги враќа обвинителите на СЈО во судница,  на Ристоска и го делегираше предметот  „Талир 2“.

Вицепремиерот за државни прашања, Бујар Османи, објави дека во Берлин добил потврда од државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, дека германската влада во октомври ќе го поддржи додолувањето на Датум за преговори за земјата од страна на ЕУ.

„Добив потврда од Министерот Рот дека Германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на земјата, и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите на Владата за старт на преговорите со Република Северна Македонија во октомври. Уште 26 дена до големата одлука“ објави Османи.

Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО в сабота на нова рунда преговори за Законот за јавно обвинителство. Минатата недела и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разменија предлози за идното законското решение.

За последниот предлог на ВМРО - ДПМНЕ, претставници на работната група на СДСМ изјавија дека предлогот не е прифатлив, но е основа за продолжување на разговорите и изнаоѓање на можно решение.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани