25 Април, 2024
0.0294

ФОКУС НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ маршираше за правда, Филипче потврди дека во земјава нема заразен со коронавирус

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на маршот за правда изјави дека екс премиерот Зоран Заев е виновен затоа што бил премиер, обвинител и судија. 

Вели бил рекетар, преговарач, но и трговец со виталните органи на Македонија. 

Мицкоски рече дека правдата е нападната од неправдата. 

„На 12 април ќе му го покажеме местото каде му е“, изјави Мицкоски за Заев

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека се работи за лажна вест дека патник кој стигнал од Дубаи бил заразен со коронавирус. 

Повика сите да се придржуваат до официјалните информации, за што тој и другите надлежни се достапни 24 часа. 

Филипче рече дека имаат добра координација за сите чекори, доколку се појави случај на инфициран. 

„Ние не можеме да направиме ништо друго, освен тие патувања да се откажат“, рече министерот за патувањата во Италија. 

Според него, граѓаните не треба да преземаат таков ризик

Македонија располага со заштитна опрема, повеќе од 4.000 маски и скафандери, вели министерот за здравство, Венко Филипче

Владата на денешната седница, врз основа на препораките на Кризниот штаб за справување со „корона“ вирусот на Министерството за здравство, и на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донела повеќе заклучоци од интерес за заштитата на јавното здравје и здравјето на граѓаните.

Бројот на жртви во Италија денеска се искачи на 11, откако во Ломбардија се потврдени уште четири смртни случаи од коронавирусот

Во Италија забрзано се шири коронавирусот, но меѓу Италијанците има поделени мислења за тоа дали има шанси да се заразат или не

По трагедијата во кумановското село Романовце, каде при експлозија на плинска боца загинаа три деца и еден повозрасен човек, а има и три повредени, се советува луѓето да бидат многу внимателни кога ракуваат со гас.

Во услови на проблеми со перспективата на младите, на претприемачите кои имаат идеи но, немаат доволно поддршка за развој на идеите и на квалитетните кадри кои шансите ги гледаат некаде надвор од Македонија, многу позитивен пример на обратен процес е тој на Карстен Броих, претприемач роден во Германија, кој се образувал и работел насекаде на светот, за сега да работи и живее тука развивајќи ја сопствената компанија

Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони со новите тарифници за 2020 им ги ги зголеми паушалите за одржување на инфраструктурата на странските инвеститори во внатрешноста на земјата и ги израмни цените со оние во Скопје1 и Скопје 2.

Домашните туристички агенции најверојатно нема воопшто да ги организираат турите за 8 март до Италија, поради ширењето на коронавирусот.

Агенцијата за медиуми е разочарана од начинот на кој Собранието набрзина, во „пет до 12“ го донесе Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, но таа нема друг избор освен да ги донесе подзаконските акти.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг