24 Април, 2024
0.0270

ФОКУС НА ДЕНОТ: Во делови од Преспа нема вода и струја, колку сметки скенирале граѓаните?

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Фотографиите од Фејсбук страната на плажата Долно Дупени сведочат за невремето кое го зафати Преспанскиот регион.  Бурата направи голема материјална штета. Долно Дупени и по 48 часа од олујата се уште се без струја и вода.

Безмалку два милиони сметки скенирале граѓаните до 11 јули, соопшти денеска Управата за јавни приходи (УЈП). Апликацијата ја користат 120.000 граѓани, што значи дека сите во просек скенирале по 16 сметки. На сите овие сметки остварен е промет од над една милијарда денари (169 милиони евра), а повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е над 16 милиони денари (265 илјади евра)

„Заклучно со 11 јули 2019 година, скенирани се 1.964.811 фискални сметки, остварен е промет од 1.041.512.209 денари, а повратот од 15 проценти од пресметаниот ДДВ изнесува 16.323.077, стои во соопштението.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.

Оттаму додаваат дека граѓаните инсистираат да им бидат издадени фискални сметки за производите коишто ги купуваат и за услугите коишто ги користат, а се почесто во Управата за јавни приходи се пријавуваат и нерегуларностите при издавањето, односно неиздавањето на фискални сметки.

Пица-ресторанот „Луна“, кај Чинарот во Охрид, кој инаку се смета за дивоградба и е во сопственост на советникот од редовите на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, 

Бизнисменот го изгради објектот во најпрометниот дел на Охрид без градежна дозвола 

Свеченото отварање беше проследено и со огномет, а присуствуваа и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, и други јавни личности од политиката и бизнисот.

Грчкиот полуостров Халкидики доби струја по невремето. 

Снабдувањето со енергија беше нормализирано денеска околу пладне, откако најголемиот дел од регионот беше без струја повеќе од 24 часа како последица на силното невреме што се случи во средата попладне.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП