25 Април, 2024
0.0325

ФОКУС НА ДЕНОТ: Возачот кој се вратил од Италија се пожалил на симптоми, Заев и Мицкоски на дуел

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

ЕДЕН ТЕСТИРАН Е СО НЕГАТИВЕН РЕЗУЛАТ, А ВОЗАЧОТ КОЈ СЕ ВРАТИ СЕ ЖАЛЕЛ НА КАШЛИЦА

Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека пациентот за кој зборуваше утрово има негативни резулати. 

Вели дека жената која е задржана на Инфективната клиника е во добра состојба. 

Возачот кој бил во комбето со жената се пожалил на кашлица, и е однесен во болницата во Струмица. Во следните часови ќе има резултати и за него. 

Ќе се откажат Струмичкиот и карневалот во Прилеп

„На тие настани очекуваме да има многу луѓе од северна Италија“, рече министерот. 

Ќе се провери дали е драстично зголемена цената на маските

ЗАЕВ И МИЦКОСКИ НА ДУЕЛ ГИ СООЧИЈА АРГУМЕНТИТЕ

Се помиривте со тој што ја отвори вратата, му рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во интервју на Канал 5. 

Mицкоски рече дека власта грубо ја разреши Рашела Мизрахи од позицијата министер за труд и социјална политика, со цел да го испровоцира ВМРО-ДПМНЕ. 

Заев рече дека Договорот од Преспа и Уставот мора да се почитуваат во институциите

КОЈ ЌЕ ЗАРАБОТИ ОД КОРОНАТА?

Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) да направат увид и контрола на залихите на заштитните средства од пренесувањето на коронавирусот во аптеките, и доколку утврдат неосновано зголемување на цените, да преземат мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи до наредната седница да достави информација како се спроведуваат мерките што ги одреди Кризниот штаб. Како еден од заклучоците на оваа седница е и одлуката да се воспостави соработка со „Црвен Крст“ и да се повикаат нивните волонтери да асистираат на граничните премини во анкетите на лицата што влегуваат во земјата во соработка со припадниците на граничната полиција.

Владата на денешната седница ја разгледала и Информација во врска со следни чекори и одлуки кои се однесуваат на превенција на ширење на корона вирусот.

ЗАЕВ ОЧЕКУВА ПОБЕДА ВО ИЕ 6

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска му порача на неговиот актуелен владин партнер ДУИ дека коалицијата со БЕСА ќе значи победа во шестата изборна единица, односно во полошкиот реон.

- Јас би му порачал на коалициониот партнер да не го лаже паметот, коалицијата СДСМ и БЕСА ќе биде победник на овие парламентарни избори, а не ДУИ, и тоа во шестата изборна единица. Тука повеќе албански гласачи ќе гласаат за нас заедно, отколку за ДУИ и тоа ќе испрати порака до целиот наш народ дека единството ја прави силата, рече Заев на денешната прес-конференција на која промовираше дел од економските мерки од изборната „Програма 20-24“.

КОРОНАТА СЕЕ СТРАВ ВО СВЕТОТ

На островот Хокаидо во Јапонија денес е прогласена вонредна состојба поради брзото ширење на коронавирусот.

Гувернерот на Хокаидо, Наомичи Сузуки, вели дека вонредната состојба ќе трае сè до средината на март

Расте бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Кина и на други места кои се тестираат и добиваат позитивни резулати по закрепнувањето, понекогаш и неколку недели откако ќе им биде дозволено да ја напуштат болницата, што може да ја отежни епидемијата, пишува Ројтерс.

Колку силно коронавирусот ќе удри врз домашната економија, засега никој не сака да прогнозира. Дел од бизнисот, особено туристичката дејност, веќе почна да брои штети, а дел како што е кожарската и чевларската индустрија, во грч ги следат состојбите.

За прв пат по шест години Министерството за економија донесе нов тарифник со кои се зголемува наплатата од дозволите за концесии за домашните и странските експлоататори на рудниците и геолошките суровини во земјата, а ќе започне да се наплаќа од 1 јануари 2021. Со тоа се очекува да има повеќе пари во буџетите на општините каде се експлоатира јаглен, мермер, гранит, минерална вода итн.

Добри вести за акционерите на УНИ Банка. Растат нето приходите од камати и нето приходите од провизии и надоместоци во услови кога генерално се намалуваат каматните стапки. Нивната банка држи ниво и пазарна позиција и покрај тоа што има благо намалување на добивката во споредба со претходната година.

Најавениот масовен протест против последиците од загадувањето на воздухот кој требаше да се одржи во Скопје и низ целиот Балкан поради стравот од ширење на корона вирусот е одложен, но заложбите на организаторите не застануваат

Македонците најголем дел од парите кои ги заработуваат, ги трошат за храна и пијалоци.

Ова може да се види од синдикалната минимална кошничка. Таа за јануари 2020 година изнесувала 32.791 денар.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот