19 Април, 2024
0.0293

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев бара да се провери имотот на судиите, а Мицкоски вели оваа била година на сиромаштија

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Пукавме бомби, ги ставивме животите во залог. И сега да запреме, нема шанси, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на денешната трибина „На прав пат“. 

Тој го повтори својот став дека нема да има компромис со криминалот.

„Нема обвинител или судија што ќе го запре овој процес. Еден дел од судството остана како последен бастион од заробената држава. Наместо да се ослободат од сопствените окови, овие сваровски судови застанаа на патот на правдата. Ова мора да престане веднаш. Мора да ја променат својата работа и да одговараат пред граѓаните за својата работа. Ја повикувам Антикорупциска да почнат со проверките. И сите други институции, финансиска полиција, да почнат со проверка на пари, капитал, имот на овие судии и на нивните семејства.“, вели Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека наместо најавените 5 проценти раст, БДП не е ни на половина. 

Според него, падот во преработувачката индустрија е алармантен, а не е постигната ниту просечната плата од 30.000 денари која се ветуваше во предизборие. Мицкоски додава дека не се релизираше ниту ветувањето за намалување на данокот за 5 отсто во ИТ инустријата, а расте и разликата помеѓу увозот и извозот. 

„Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра, со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е истата, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал. Споредбено 2018, во 2019 година има разлика во извоз со увоз за цели 12.4 отсто, во корист на увозот“ -  вели Мицкоски

Почина 24-годишното момче од Тетово во чиј стан вчера експлодира плинска боца.

Тој утрово почина на Клиниките во Скопје. Момчето вчера се здоби со изгореници од четврт степен откако во неговиот стан експлодира плинска боца.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов се надевам дека Северна Македонија, веќе 30-та членка на НАТО, наскоро ќе ја покаже разликата во својот развој, откако ќе биде дел од ова семејство. 

Но, тој очекувам поголем разум на другите земји што сакаат да влезат во Европската унија и Алијансата, многу внимателно да го мерат нивното однесување и чекори. 

Борисов ова го кажа во својот говор на Годишниот форум за Западен Балкан, организиран од Меѓународниот републикански институт на САД.

Дванаесетгодишниот Мартин за кој преку Фејсбук беше кажано дека е исчезнат попладнево бил пронајден, објави 24инфо. Мартин претходно последен пат бил виден на кејот на Вардар во Аеродром, но бил пронајден кај Авиончето во Ново Лисиче.

Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата